Британија планира укинување на продажба на бензиски и дизел автомобили од 2030 година

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон планира следната недела да објави забрана за продажба на нови бензински и дизел автомобили од 2030, пет години порано од планираното, објави Фајненшл тајмс.

Велика Британија првично планираше да ја забрани продажбата на нови автомобили со бензин и дизел од 2040 година, како дел од напорите за намалување на емисиите на штетни гасови.

Во февруари, сепак, Џонсон го смени тоа за 2035 година.

Цитирајќи свои сопствени извори од индустријата и владата, весникот нагласува дека Џонсон има намера да го помести крајниот рок повторно на говор за еколошката политика, што се очекува да го одржи следната недела.

Податоците од индустријата покажуваат дека автомобилите со бензински и дизел мотори учествуваат со 73,6 отсто во продажбата на нови автомобили оваа година, додека само 5,5 отсто од продажбата се за чисто електрични возила, што обично се поскапи. Хибридните возила од различни видови отпаѓаат на другите продажби.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска