Брисел загуби спор со „Амазон“ околу даночни олеснувања во Луксембург

Од:

Судски спор кој американскиот гигант за електронска трговија „Амазон“ го водеше против Европската комисија врз основа на претставка поврзана со наредбата на Комисијата да му плати на Луксембург разлика од 250 милиони евра на име даночно олеснување, е одлучен во полза на компанијата.

Општиот суд на ЕУ оцени дека ЕК не докажала дека Луксембург, во кој се наоѓа европскиот огранок на Амазон, ѝ дал на американската компанија нелегална предност во однос на даноци.

Во 2017 година, извршната власт на Европската унија објави дека Луксембург одобрил несоодветно даночно олеснување на Амазон, наведувајќи дека на компанијата и е дозволено да плати четирипати помалку данок од другите домашни компании што подлежат на истите национални регулативи. Амазон ја оспори таа проценка.

Комисијата има право на жалба на таа одлука на судот, со покренување случај пред највисокиот суд на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Хаос во најава: Вработените во Амазон ќе штрајкуваат на црн петок

Орце Костов

Поглавар од Амазон: Реките пресушуваат, температурите се високи и има малку дожд

(ВИДЕО) Се изгубил во џунгла и преживеал 31 ден: Пиел дождовница и јадел црви

Катерина Ѓуровски

Шулце: Германија ќе вложи 222 милиони долари за заштита на амазонската прашума

„Амазон“ затвора три магацини во Велика Британија, ќе отпушти 1.200 вработени

А1он

Амазон планира да отпушти повеќе од 18.000 работници