Боинг со загуба од речиси 5 милијарди долари поради приземјувањето на „737 Макс“

Од:

Американскиот производител на авиони „Боинг“ соопшти денеска дека неговата добивка во вториот квартал ќе биде намалена за 4,9 милијарди долари.

Загубата се случува по еднократниот трошок, кој компанијата го претрпе поради приземјувањето на својот авион „737 Макс“ низ светот по двете катастрофални несреќи.

Тоа воедно ќе биде и најголема квартална загуба во историјата на „Боинг“ откако компанијата во следниот период ќе ги објави своите финансиски резултати.

Имено, вкупните трошоци на Боинг поради намалениот обем на продажба, падот на производството и исплатата на отштетите на семејствата на жртвите во двете катастрофални авионски несреќи, ќе изнесуваат 6,6 милијарди долари, а во таа сума не спаѓаат финансиските средства што компанијата ќе мора да ги издвои за тужби, кои, како што се очекува, ќе ги поднесат членовите на семејствата на жртвите.

„Боинг“ соопшти дека „737 Макс“ би можел да се врати во употреба на есен. Тој тип на авиони е приземјен откако еден се урна во Индионезија во октомври 2018 година, а вториот во Етиопија во март оваа година. Вкупно загинаа 346 патници и членови на екипажите.

Би можело да ве интересира

Нов инцидент: На „Боинг 737“ му отпадна дел од крило за време на лет

Горан Наумовски

Авион ненадејно „падна“ на сред лет за Нов Зеланд, повредени се десет патници

Горан Наумовски

Свиркачот кој го тужеше „Боинг“ наводно се самоубил

Горан Наумовски

ВИДЕО: Авион на Боинг лета опожарен

А1он

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

Орце Костов

Боинг склучи договор вреден пет милијарди долари