Бочварски: Зелените коридори се еден од најуспешните примери на регионална соработка

Од:

Зелените коридори, воспоставени на почетокот на Ковид-19 пандемијата, се покажаа како еден од најуспешните примери на регионална соработка рече Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска на тркалезна маса организирана од Меѓународниот транспортен форум во пресрет на Самитот на министри, на тема: „Транспортот и Ковид 19″,

На тркалезната маса, на која учествуваа министри за транспорт и државни секретари од преку 25 земји од светот, министерот Бочварски нагласи дека мора да се размислува како да се ублажат последиците од кризата, но и да се предложат поодржливи решенија надвор од неа.

-Создавањето поволни услови за трговија и непречен транспорт може да го забрза закрепнувањето, бидејќи трговската соработка и слободниот проток на стоки и услуги можат да обезбедат навремена испорака на есенцијални стоки токму онаму каде што се најпотребни. Затоа, продолжувањето и надградбата на концептот на „зелени коридори“ и нивно проширување до граничните премини на сите земји, вклучувајќи ги и оние со соседните земји-членки на Европската Унија, може да даде добри резултати и да биде од корист за сите, истакна министерот Бочварски, говорејќи на првата сесија од тркалезната маса, која се однесуваше на концептот на „зелените коридори – ленти за полесен и побрз транспорт“.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска