Бочварски за новиот пат Кичево-Дебар од 20 милиони евра: Има добар прогрес, очекуваме на почеток на ‘24 година комплетно да биде завршен

Од:

Новиот пат Кичево-Дебар во должина од 19 километри ќе биде готов до крајот на следната година, односно на почетокот на 2024 година, рече денес министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Тој нагласи дека овие рокови ќе останат доколку временските услови дозволат да се изведуваат градежните активности.

„Се работи за комплетно нов патен правец со инвестиција од околу 20 милиони евра, многу значаен за целиот регион. Со овој пат Дебар ќе го приближиме и ќе го доближиме до Коридор 8. Таму маме добар прогрес на работите и нашите очекувања се кон крајот на ‘23, односно почетокот на ‘24 година да биде комплетно завршен. Овде сериозно влијание врз изградбата на секој градежен проект и градежен зафат имаат и временски услови. Се работи за планински крај за кој што многу големо влијание имаат и снежните врнежи и тоа до кога ќе се задржат снежните врнежи за да може градежната механизација да работи на терен. Досега проектот оди со одлична динамика“, рече денес министерот Бочварски при посетата на градилиштето за изградба на зграда со 47 социјални станови во Дебар.

Со изградбата на овој пат Кичево и Дебар ќе се поврзат со албанската граница што според Владата ќе придонесе за развој на туризмот и економските врски со Албанија.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска