Бочварски вети надминување на проблемот со дотраениот мост на Вардар кај Башино село

Од:

Санацијата на дотраениот мост на Вардар кај Башино Село на влезот на Велес од Скопје и изградба на нов, е меѓу темите на денешната средба на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на Велес Аце Коцевски.

-Ќе добијам информации за состојбата на мостот и веднаш потоа ќе ги преземеме сите неопходни мерки за надминување на проблемите. Можам да кажам дека секој проблем кој ги таргетира граѓаните е прашање коешто ние мораме и е вредно за размислување, но и да бараме начин и решение да го надминеме. Проблемите на граѓаните се наши проблеми кои треба да ги решиме, потенцира Бочварски, во одговор на прашање од МИА далинаскоро ќе се санира постоечкиот дотраен мост кај Башино село.

Градоначалникот Коцевски информира дека има список од десет теми за кои ќе разговара со министерот Бочварски, а една од поважните теми е и санацијата на дотраениот мост на Вардар кај Башино Село на влезот на Велес од Скопје.

-Сега е време кога се подготвуваат и пограмите и буџетот за следната година централниот и на ЈП за државни патишта, а како најприоритетен проект за Општина Велес да биде и мостот на Вардар кај Башино Село кој е во сериозно лоша состојба, рече Коцевски.

Тој предупреди дека доколку се случи да се урне или стави вон употреба, тоа ќе значи дека целокупниот товарен сообраќај ќе мора да поминува низ централното градско подрачје.

-Ние имаме готов проект кој е предаден во ЈП за државни патишта и останува како велешани да се избориме тој да влезе во буџетот на ЈП за државни патишта за следната година.Воедно ќе ја презентираме и идејата за изградба на нов мост на Вардар за поврзување на населбата Речани со Велес, а со изградба на заобиколница околу Велес околу страната на Топилница за целиот товарен сообраќај да не поминува низ централното градско подрачје, најави Коцевски.

За неопходноста од итна санација и изградба на нов мост на Вардар кај Башино Село градоначалникот и алармира до централната власт повеќе од две години.

Неговата лоша состојба на носечката конструкција на столбовите ја утврди Заводот за испитување на материјали, а кои за тоа ангажираа стручњаци од Градежниот факултет од Скопје..

Според нивните мерења, состојбата на мостт дополнително ја влошуваат и тешките камиони и шлепери кои секојдневно поминуваат по него.Тие тогаш измерија дека на мостот на Вардар кај Башино Село за еден час поминале 39 шлепери, 43 полесни товарни возила и комбиња и 250 автомобили.

Инаку столбовите на мостот при поројните дождови честопати се заглавени со гранки и трупци од дрва кои го носи Вардар, а поради што со механизација мора да интервенира Општина Велес за да го спаси мостот од рушење.

Мостот е изграден пред 49 години како времен мост од тогашната ЈНА.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска