Бочварски: Новиот закон за легализација е во постапка на прикачување на ЕНЕР

Од:

Новото законско решение за бесправно изградените објекти е во постапка на прикачување на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) и кога истиот ќе биде поставен се уште ќе може да се ставаат коментари и сугестии од сите засегнати страни, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

– Ние ги направивме сите консултации, почнувајќи од 25 мај до денес, веќе два месеци разговараме со сите засегнати страни, потоа законот ќе се дискутира и на седница на Влада, а потоа ќе оди во Собрание по редовна постапка и ќе се дискутира во Собрание, така што сметам дека преуранети се сите дискусии и не би сакал пред да се објави законот да дискутирам за кое било прашање, не заради тоа што нешто криеме туку заради тоа што сметаме дека треба да излезе во процедура, а потоа да можеме член по член да дискутираме за овие законски одредби и постапки, рече Бочварски.

Тој оцени дека со новото законско решение целосно се отстранети сите слабости на се она што беше забелешка и на асоцијациите и на граѓаните, за да, како што рече, се донесе закон што е прифатлив за граѓаните и закон што ќе помогне на граѓаните.

Во однос на законот за бесправно изградени објекти, донесен во 2011 година, потсети Бочварски, во Собрание има дополнување на законот за продолжување на рокот за постапка на веќе аплицираните предмети, со цел, појасни, да придонесеме за еднаквост на граѓаните кои аплицирале да добијат ставање во правна рамка на своите објекти до датумот 3.03.2011 година.

Владата на крајот на мај донесе одлука за повлекување на Предлог-законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти и најави изработка на нов предлог-закон. Одлуката тогаш беше донесена врз основа на известувањето од Министерството за транспорт и врски, кое во тој период организирало работни средби со претставници на комори и асоцијации од областа на градежништвото, урбанизмот, претставници на граѓанскиот сектор и учествувало во јавни дебати организирани од страна на останати субјекти, на кои биле дадени забелешки за одредени законски решенија и предлози и сугестии за нивно доуредување. Овој закон исто така доби вето од страна на претседателот Стево Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Левица: Дивоградбите во Гази Баба недопирливи веќе два мандати

(ВИДЕО) Цело село во црвена зона поради еден објект: Жители на Горно Врановци не можат да си ги легализираат куќите повеќе од една деценија

Орце Костов

Општина Велес нема да ги урива дивоградбите на Бабуна, ќе спречува да никнуваат нови

Орце Костов

Бочварски очекува до крајот на годинава да биде готово предлог решението за новиот закон за градење

Ана Ололовска

Законот за дивоградби помина на ЕНЕР, Министерството ќе ги разгледува забелешките

Ана Ололовска

Премиерот Заев најави дека ќе продолжи отстранувањето на дивоградбите од крајбрежјето на Охридското Езеро

Ана Ололовска