Бочварски: Напролет ќе се градат делниците на експресниот пат Градско-Прилеп

Од:

Надминати се затекнатите проблеми со изградбата на делниците на експресниот пат Градско-Прилеп и напролет, во новата градежна сезона ќе имаме градежна офанзива. Новата компанија „Штрабар“ ќе работи на делницата Градско-Дреново, изјави министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски. Тој денеска во Прилеп присуствуваше на официјалното пуштање во употреба на новиот мост, капитален проект вреден 35 милиони денари.

-На Влада веќе донесовме одлука за преземање на делницата Градско-Дреново и кога ќе се создадат добри временски услови ќе започне со работа друга компанија, тоа е компанијата „Штрабар“ која ги презема работите од компанијата „Тирена скави“ со што влегуваме во силна инвестициска активност на овој коридор 10-Д што е многу значаен за граѓаните на Прилеп, рече Бочварски.

Напролет ќе се работи и на втората делница Дреново-Фариш која е во тендерска постапка, а преку ИПА-програмата ќе се работи на делницата Ленишки мост-Прилеп.

-Втората делница од Дреново до Фариш е во тендерска постапка, во фаза е евалуација и очекуваме напролет да започне да се работи и да се реализира како комплетна експресна делница. Ќе се рехабилитира и патниот правец Плетвар и преку ИПА-програмата работиме за делницата од Ленишки Мост до Прилеп. Работиме и на автопатското решение Прилеп-Битола со што граѓаните од Пелагонискиот регион ќе добијат патна инфраструктура каква што заслужуваат, ќе ги намалиме сообраќајните незгоди, ќе ги зголемиме конекциите, најави Бочварски.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска