Бочварски најавува законски промени за олеснување на постапките за капиталните инвестициии

Од:

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека ги повикал сите компании кои работат на капитални инвестиции да ги достават фактурите за да може да се постапи побргу по нив. Се прават напори да се зголеми процентот на реализација на капиталните инвестиции, за што, како што истакнува, притисокот се прави насекаде. Ветува дека ќе ги направат сите законски промени за да ги олеснат постапките за продолжување со изградба на капиталните проекти. Со предложениот ребаланс на Буџетот се скратени пари за првата делница од пругата кон Бугарија, но, како што вели, проектот ќе продолжи, а мало кратење има и кај магистралните гасоводи.

– Ова е време во овие месеци септември, октомври и ноември кога се уште доаѓаат фактурите и времените ситуации на градежните компании токму од летниот период, кога се врши реализацијата, да ја подигнеме реализацијата и да се зголеми процентот. Правиме напори да се зголеми процентот на реализација на капиталните инвестици. Притисокот се прави насекаде, очекуваме сите проекти да продолжат со реализација и динамика и да се изврши плаќањето. Ги повикав сите компании кои работат на капитални инвестиции да ги достават фактурите за да може брзо да биде постапено по нив. Реализацијата ќе ја видиме токму на крајот на 2020 година и тогаш ќе може да дискитураме дали била висока или ниска, рече Бочварски, одговарајќи на новинарско прашање по укажувањата од Европската комисија дека спроведувањето на јавните капитални расходи остана ниско.

Според него, на реализиацијата на капиталните инвестици има влијание тековната ковид криза, но и функционирањето на техничката Влада и изборите во изминатиот период. Тоа, потенцираше, исто така има влијание на целокупниот бизни сектор, а тоа коморите најдобро го знаат.

– Сега е време за акција и за работа, а не за политики. Ќе ги направиме сите законски промени каде што ќе ја олесниме постапката за продолжување со изградба на автопатите, гасоводите, канализациите, имаме одредени решенија и ставови за кои разговараме со сите ресорни министерства со кои имаме допирна точна. Навистина сакаме побрзо да се движат овие проекти, рече Бочварски.

Тој повтори дека со ребалансот на Буџетот е намалена сумата за железницата од Коридорот 8, откако изведувачот на градежните работи на првата делница се повлече од проектот.

– Сега во Владата правиме план како ќе се продлжи со ова делница, имаме сериозен фокус на оваа работа, првата и втората делница од источниот крак да влезат како заеднички проект и наскоро да распишеме нов повик за изведувач кој ќе продолжи со градење, рече Бочварси.

Има, како што дополни, и мало кратење во делот на магистралните гасоводи, таму каде што имаше одредени застои со инфраструктурните проекти и изместување на трасите поради одредени проблеми.

– Тие проекти веќе се одобруваат, продолжуваме со работа и многу скоро ќе ја завршиме гасификацијата и ќе го почнеме кракот од Штип за Велес, а се проектира и западниот дел од кракот од Гостивар-Кичево кон Охрид, така што ќе го затвориме целиот прстен. Тоа е многу важно за енергетскиот сектор на државата, наведе Бочварски по средбата со претседателот на Градежната комора при Сојузот на стопански комори Ивица Јаќимовски.

Градежните компании, како што изјави Јаќимовски, се подготвени да инвестираат милијарда евра во наредните три години, но од властите, централната и локална, бараат тоа да им се овозможи, да се донесат новите урбанистички планови кои се во изработка и да се тргнат мораториумите за градење.

Бочварски, пак, посочи дека државата е подготвена за забрзување на сите постапки за да може да се реализираат инвестиците на градежниците. – Сите закони што се спорни и сите подзаконски акти каде треба да има промени отворени сме да ги разговараме со коморите со цел да се забрзаат постапките. Влегуваме во акција заедно градежната комора и сите стопански субјекти што се подготвени да инвестираат, а од наша страна ќе ги преземем сите чекори за олеснување и за што побрзо стартување со инвестиции, изјави Бочварски.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска