Бочварски: Ќе имаме модерна безбедна патна инфраструктура

Од:

Никој да нема дилема, ќе бидеме со модерна безбедна патна инфраструктура таква како што налага секоја модерна европска земја, порача денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Посочи дека после застојот од, како што рече, 11 години не градење и не правењето ништо или правењето многу малку во однос на реконструкција, за четири години се реконструирани и изградени преку 1.000 километри патишта. Тоа, според него, придонело за зголемување на безбедноста на патната инфраструктура.

-Го фаќаме чекорот со се она што е заборавено и изоставено во изминатите години. Сметам дека средствата кои ги вложува државата во најголем дел или во голем дел треба да бидат фокусирани во инфраструктура, а не за проекти кои беа синоним на едно друго време. Заради тоа ќе продолжиме и ќе го фатиме чекорот со времето, рече Бочварски во одговор на прашање по денешната средба со српскиот колега Томислав Момировиќ на граничниот премин Табановце каде делеа М-кард картички за патарина на граѓани на Република Србија.

Во врска со Законот за изградба на автопатишта посочи дека се уште не се почнати преговорите со американско-турскиот конзорциум „Бектел-Енка“ и не е формирана работна група иако е веќе донесено законското решение за кое нагласи дека секој има право да го оспори.

-Законот е во сила, ќе се оди во следна постапка на разговори и не би сакал да прејудицирам што доколку се случи една или друга постапка која би се покренала. Ние сме демократска држава и секој согласно своите надлежности и ингеренции може да поведе постапка согласно одредбите кои ги даваат Уставот и законите. Затоа не би сакал да прејудицирам што би било кога би било само можам да кажам дека единственото барање на граѓаните во овие триесет години самостојност е да имаме модерни патишта и затоа бараме начини и решенија за тоа да го направиме, рече Бочварски.

Би можело да ве интересира

Бочварски: Во буџетот се предвидени пари за Брзиот автобуски превоз во Скопје, Арсовска да ја преиспита одлуката за откажување на проектот

Катерина Павлова-Николовска

Бочварски: Обиколницата Штип од утре ја пуштаме во употреба за сообраќај

Ана Ололовска

Бочварски: Започна бушењето на тунелот на експресниот пат Градско – Прилеп

А1он

Бочварски – Ал-Тани: Да се разгледа можноста за обнова на авиолинијата Скопје – Катар

Ана Ололовска

Заев: „Цветот на Сребреница“ на Пчиња кај Долно Коњаре е најдолгиот мост во земјата што поврзува два регионални патни правци

Ана Ололовска

Бочварски очекува до крајот на годината да биде изграден магистралниот гасовод до Битола

Ана Ололовска