Бочварски: Ги пречекавме првите патници од првиот лет Скопје – Софија, воспоставуваме нови авионски врски

Од:

Утрово на Меѓународниот аеродром Скопје, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, ги пречека патниците кои пристигнаа со првиот комерцијален лет на релација Софија – Скопје.

Како што информира Министерството за транспорт и врски, со ова започнува да се реализира редовната авиолинија Софија – Скопје што произлезе од договорот меѓу мешовитите владини комисии на двете земји.

Авиокомпанијата Гуливер ќе ги поврзува главните градови два пати во неделата, со интенција оваа линија да се поврзе и со аеродромот во Охрид.

Министерот Бочварски изрази задоволство од воспоставувањето на овој лет и најави можност за отворање линии и кон други нови дестинации.

„Ме радува што во многу брзо време најдовме согласност и заеднички со Република Бугарија ја воспоставивме оваа линија. Работите се движат во посакуваниот правец и веќе ги гледаме резултатите од работењето на мешовитите групи со колегите од Бугарија. Летот Софија – Скопје од денеска почнува да сообраќа и првите патници веќе пристигнаа во Скопје. Им посакувам добредојде во нашата држава и испраќам порака дека нашата земја има што да понуди во делот на туризмот. Остануваме посветени со нашите пријатели и во наредниот период во изнаѓање на решенија со кои ќе ги зацврстиме пријателските односи и кои ќе донесат економски бенефит за двете држави“, изјави министерот Бочварски од аеродромот во Скопје.

Министерството за транспорт и врски вели дека ќе продолжи со креирање политики за развој на авиосообраќајот во земјата и отворање на нови дестинации за нашите граѓани.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска