Блокирано плаќањето сметки и исплатата на пензии во „Македонски пошти“

Од:

Поради пропаѓањето на „Еуростандард банка“, платниот промет во „Македонски пошти“ е блокиран, соопшти генералниот директор Ејуп Рустеми. Тоа значи дека не може да се наплаќаат сметки за струја, комунални услуги, да се врши исплата на пензии и социјална помош. Се додека не се избере друга банка со која ќе соработуваат за вршење на платен промет, услугите ќе бидат блокирани. Рустеми не знаеше да одговори кога ќе се изнајде решение и кога ќе се потпише нов договор.

„Од денеска поради неработењето на ‘Еуростандард банка’, на шалтерите на ‘Пошта’ не можеме да ги обезбедиме финансиските услуги и услугите на платниот промет за многу граѓани и правни лица, како што се, наплата на сметки за комунални услуги, наплата на сметки за струја, исплата на пензии, исплата на социјална помош, други банкарски услуги и безготовински платен промет за депонентите од ‘Еуростандард банка’. Сите овие услуги ‘Пошта’ во својата мрежа ги обезбедува во име на ‘Еуростандард банка’ и за истите наплаќа соодветен надоместок“, посочи Рустеми.

Според него, во првите шест месеци во 2020 година, ‘Пошта’ обезбедила 110 милиони денари само од услугите кои од денес не може да ги обезбеди, што е 19,4 отсто од вкупните остварени приходи.

„Во услови на пандемија, ова беа значајни приходи за ‘Пошта’, бидејќи здравствената криза придонесе и за огромен пад на приходите за поштенските услуги. Најмногу на тие од меѓународниот поштенски сообраќај. Над 870 вработени во ‘Пошта’, целосно или делумно, извршуваат работни обврски поврзани со обезбедувањето на наведените услуги. Приходот од наведените финансиски услуги, обезбедува плата за околу 560 вработени во ‘Пошта’. Изразува, жалење за настанатата ситуација до сите граѓани и фирми, корисници на нашите услуги со кои имавме одлична соработка во делот на наплата на нивните сметки или фактури“, додаде Рустеми.

Сега, ‘Пошта’ бара спас од Владата како основач и Народната банка како регулартор на нивните услуги.

Би можело да ве интересира

Опозицијата бара надзорна расправа за „Еуростандард банка“ во Собранието

Ана Ололовска

Де Ланој: Народната банка правилно постапи со одземањето на дозволата на „Еуростандард“

Ана Ололовска

Костовски: Стечајот на Еуростандард Банка е злостор од криминогени структури, а тоа имам намера и да го докажам

Ана Ололовска

Народната банка поднесе кривична пријава против поранешни одговорни лица во Еуростандард за предизвикување стечај

А1он

Оштетените штедачи од Еуростандард банка се сретнаа со Заев и со Битиќи

Ана Ололовска

Заев и Битиќи на средба со оштетените штедачи од „Еуростандард банка“: Ќе ги поддржиме сите законски механизми за ефикасни решенија за обесштетување

А1он