Бизнисмените од северозападна Македонија бараат побргу да се формира влада и да се стави акцент на економијата

Од:

Имајќи го предвид фактот дека рокот за формирање на Владата истекува, Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија апелира до политичките партии што поскоро да ја изразат нивната одговорност преку формирање на новата Влада, давајќи и приоритет на економскиот аспект и борбата против последиците од глобалната пандемија на Ковид-19.

„Економијата на Северна Македонија поминува низ длабока криза, со која никогаш се немаат соочено ни компаниите ни државните институции. Главен извор на оваа криза е пандемијата на COVID-19, па затоа формирањето на новата Влада и целосното функционирање на државните институции е неопходно, со цел да се санираат предизвиканите штети и да се проектираат понатамошните чекори за тоа како ќе се развиваат процесите и програмите за закрепнување на економијата, која е една од главните столбови на државата.

Последиците од вирусот имаат и продолжуваат да предизвикуваат големи штети во економски аспект кои резултираат со банкротирање на бизнисите, отпуштања од работа и неликвидност. За да бидеме колку што е можно подготвени за можен втор бран на вирусот, потребно е Северна Македонија да им претходи со неопходни мерки на претпазливост и во случај на таквите состојби нашата земја да не се оптоварува и со формирање на Владата.

Од особено значење е што во структурите на Владата која ќе се формира, да бидат поставени аполитички експерти од областа на економијата, кои ќе бидат во постојана консултација со деловниот сектор и економските експерти, за процесите на одлучување и управување со економијата на земјата бидејќи во спротивно ќе имаме простор за
неефикасна и политизирана Влада.

Би можело да ве интересира

Бизнисмени од Визбегово: Арсовска не комуницира со нас откако е градоначалник, а и дадовме шанса пред избори

Орце Костов

Заев се сретна со бизнисмените: Што повеќе наши компании да учествуваат на тендери на НАТО

Жарко Настоски

Стопанска комора на северозападна Македонија: И бизнисите да се вклучат во приоритетните категории за вакцинирање

СКСЗМ потпиша Меморандум за соработка со Министерството за економија

ВИДЕО: Заев со половина влада на средба со бизнисмените: Целосно ќе се посветиме на економијата

Жарко Настоски

Бизнисмени донираа тестови за коронавирус за Институтот за јавно здравје

Жарко Настоски