Бизнис заедницата очекува повисок раст од проектираниот

Од:

Раст на економијата над проекцијата од 2 проценти годинава очекува и бизнис заедницата во Македонија. Очекувањата ги темелат на зголемениот извоз кон европските земји и податоците за раст на БДП во првите два квартала од годинава.

Ова го истакнаа претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески и извршниот директор на Сојузот на стопанските комори на Македонија Митко Алексов по најавата на гувернерот на Народната банка на Република Македонија дека се очекува растот на БДП да биде над 3 отсто.

– Очекуваме повисок раст затоа што го зголемивме во овој период извозот кон Западна Европа за 10 проценти што значи дека е позитивна тенденција, изјави Азески и додаде дека и во наредниот период очекуваат да има повисока стапка и дека тој оптимизам се пренесува и во Буџетот во 2014 година.

Алексов потенцира дека очекува годината да заврши со раст меѓу 2 и 2,5 проценти и оти ако биде повеќе ќе биде добро и за бизнис заедницата.

– На крајот од минатата година предвидувањата беа дека растот ќе биде 2 проценти. Позитивните движења во еврозоната во првиот и во вториот квартал позитивно се рефлектираат на нашето стопанство, особено во делот на зголемување на нашиот извоз. Податоците што ги имаме за економскиот раст во првиот и во вториот квартал се поголеми од очекувањата, но сепак очекуваме овие трендови да продолжат и во втората половина од годинава, можеби не со таков интензитет како во првиот и вториот квартал. Како и да е, годината ќе ја завршиме позитивно помеѓу 2 и 2,5 проценти доколку биде и повеќе тоа ќе биде подобро и за нас, истакна Алексов.

Во однос на најавената законска регулатива за финансиска дисциплина Азески посочи дека бизнис заедницата ја поздравува.

– Ова е голема новина. Очекувам да има проблеми во примената, но подготвени сме за сите ризици и ако има компликации ќе се вршат дополнителни интервенции, истакна Азески.

Би можело да ве интересира

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност

Стопанската комора со сет барања за дополнителна поддршка на домашниот агросектор

Стопанска комора ќе бара од ЕУ да ги пролонгира роковите за одредени стандарди и регулативи кај бизнисот

Горан Наумовски

Стопанска комора: Владата го повлече Предлог-законот за данок на солидарност, но бараме целосно да се стопира неговото донесување

Стопанска комора: Обемот на соработката во регионот се намалува, компаниите во многу тешка позиција поради неизвесноста

ПЕРПЕТУУМОБИЛЕ СЕКЈУРИТИ е еден од добитниците на престижното признание за Македонски квалитет за 2022 година