ВИДЕО: Бизнис заедницата и Тевдовски допрва ќе ги „пеглаат“ ставовите за прогресивното оданочување

Од:

Стопанската комора бара транспарентна одлука на Владата за даноците, а во неа да бидат земени предвид забелешките на бизнис-заедницата. Претседателот на комората, Бранко Азески, пред средбата со министерот за финансии кажа дека немаат направено анализа на последиците од прогресивниот данок и дека на оваа средба ќе можат по првпат да ги видат аргументите на Тевдовски.

„Времињата за носење нетраспарентни одлуки се зад нас и затоа денеска ја организиравме оваа средба за да бидат сослушани барањата на претставницви на комората. Ние немаме направена анализа бидејќи истата не може да се направи за три дена, а ние броиме 15 000 членови и дополнително имаме 154 странски компании од странство. Се надеваме дека Владата ќе реагира на нашите забелешки по денешната средба“, изјави Азевски.

Според Тевдовски, пак, за оваа тема доволно време се водела дебата и во јавноста и со засегнатите субјекти, а прогресивниот данок треба да се воведе. Како резулатат на досегашните разговори бил кренат прагот на оданочување од првичните 1 000 на 1 500 евра и со тоа од 2 отсто засегнати субјекти истите се намелени на 1 отсто.
Иако, прогнозите на голем дел од економските експерти се дека воведувањето на прогресивниот данок ќе предизвика даночна евазија и ќе ја стимулира сивата економија, Тевдовски вели дека тоа нема да се случи.

„Опасноста од затајување данок заради воведување на прогресивната даночна мерка не е можно и тоа е прашање на тоа како ќе се реши административно. Бројни примери во светот патуваат на тоа дека прогресивниот данок донел поголема правичност во државите“, изјави Тевдовски пред средбата со комората.

Ана Василева

Би можело да ве интересира

Ковачевски: СДСМ заедно со бизнис секторот ќе ја исполни целта за европска и развиена економија

УЈП ќе ги објави компаниите од нафтениот бизнис кои затајувале данок

Градоначалникот Ибраими се пофали дека арачиновци плаќаат данок: Општината веќе не е „црна овца“

Александар Тодески

Бугарија ги укинува таксите за транзит на рускиот гас кон Србија и Унгарија

Орце Костов

Ковачевски на Денот на даночници: Со ефикасен даночен систем и позитивни политики ја обезбедуваме финансиската стабилност на државата

Предраг Петровиќ

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност