Биткоинот со капитализација поголема од Мастеркард и од Виза

Од:

Вредноста на криптовалутата Биткоин е поголема од двете најголеми мрежи за плаќање со картички во светот, Виза и Мастеркард чија вкупна пазарна капитализација е 871 милијарди долари.

Според најновите податоци од пазарот на криптовалути, биткоинот моментално капитализира нешто повеќе од 1,0 трилиони долари. Дигиталната паричка од нула достигна пазарна вредност од 1.000 милијарди долари, 3,6 пати побрзо од „Мајкрософт“.

Биткоинот беше исто така минатата недела достигна рекордна цена од 61.700 американски долари, отколку вкупно трите најголеми банки во светот. Во тоа време, неговата пазарна капитализација се приближува на нивото од околу 1,15 трилиони долари, додека вредноста на „JPMorgan“, Bank of America и Industrial and Commercial Bank of China заедно изнесува 1,08 трилиони долари.

Извори од Економетрикс за анализа на крипто-пазарот велат дека на 13 март, вредноста на биткоинот била иста како 45 проценти од средствата на инвеститорите инвестирани во злато и дека тоа одговара на удел од 10 проценти од физичкиот пазар на злато како целина.

За навистина да го надмине златото, биткоинот треба да се тргува по цена од 590.000 американски долари, додаваат изворите.

Би можело да ве интересира

Биткоинот се искачи на речиси 40.200 евра

Централноафриканската Република го усвои биткоинот како легална валута

А1он

ММФ го повика Ел Салвадор да го укине Биткоинот како законско средство за плаќање

Еврото се намали во однос на доларот, биткоинот на најниско ниво во изминатите шест месеци

Централна банка на Англија: Биткоинот може да стане безвреден

А1он

Поради новиот сој на коронавирусот пад на вредноста на биткоинот

А1он