Биткоинот годинава има раст од 90 отсто, а од лани „скокот изнесува 800 отсто

Од:

Биткоинот објави дека од почетокот на годинава, има раст од 90 отсто, а за периодот од една година, растот на вредноста изнесува нешто повеќе од 800 отсто. Со тоа пазарната капитализација на оваа дигитална валута надмина трилион долари.

Ова е уште една од низата позитивни вести за криптовалутата годинава. Институционалните инвеститори и компании се повеќе го поддржуваат биткоинот. „Тесла“ поттикна скок на вредноста кога објави дека купува биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари. Компанијата, исто така, соопшти дека со криптовалутата ќеможе да се купуваат возила, предизвикувајќи и други компании да го сторат истото.

И „Мастеркард“ годинава ги соопшти плановите за поддршка на криптовалутите на својата платформа. „Епл“ во февруари објави дека тие, исто така, ќе поддржуваат плаќања со биткоин. Аналитичарите сметаат дека ако сите компании го прифатат биткоинот како платежно средство, растот на оваа дигитална валута ќе биде незапирлив.

Би можело да ве интересира

Биткоинот се искачи на речиси 40.200 евра

Централноафриканската Република го усвои биткоинот како легална валута

А1он

ММФ го повика Ел Салвадор да го укине Биткоинот како законско средство за плаќање

Еврото се намали во однос на доларот, биткоинот на најниско ниво во изминатите шест месеци

Централна банка на Англија: Биткоинот може да стане безвреден

А1он

Поради новиот сој на коронавирусот пад на вредноста на биткоинот

А1он