Битиќи: Повеќе од 70 отсто се реализирани проектите од ТАВ Програмата

Од:

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска беше во посета на Општина Бутел, каде што интензивно се гради нова градинка со пари од Програмата на ТАВ. Од оваа Програма на располагање се речиси 50 милиони евра и се инвестираат во инфраструктурни проекти низ сите општини по откажувањето на изградбата на карго аеродромот во Овче Поле.

Битиќи на денешната прес-конференција со градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски истакна дека за изградбата на оваа модерна детска градинка од Програмата на ТАВ се издвоени 580.000 евра, а во неа ќе се згрижат околу 100 деца, со што ќе се надмине проблемот со листите за чекање за упис на деца во градинките во Општина Бутел.

-Проектите од ТАВ се реализираат низ сите општини низ земјава и се радувам кога гледам дека со добро планирање во предвидените рокови се реализирани повеќе од 70 посто од запознатите проекти. Поточно досега се завршени 56 проекти во 56 општини, а во моментов 25 проекти се во тек и е планирано да бидат завршени до крајот на годината, вели Битиќи.

Посочи дека детската градинка во Општина Бутел е планирано да заврши во септември или октомври оваа година.

-Преку ТАВ програмата се градат водоводи, канализации, спортски сали, патишта и улици, градинки, домови за стари лица, младински центри, инфарструктурни проекти кои се значајни за граѓаните кои живеат во овие општини. Ја јакнеме локалната инфраструктура и задоволен сум кога ја гледам динамиката за реализација на проектите. Прогресот на оваа градинка е уште еден пример како се однесуваме и треба да се однесуваме кон сите потреби на нашите граѓани, вели Битиќи.

Градоначалникот на Општина Бутел, Костовски забележа дека дворот на училиштето „Свети Климент Охридски“ во населбата Бутел е вистинско градилиште, каде што се гради модерната детска градинка.

-Би сакал да истакнам дека со изградба на оваа детска градинка ќе се надминат сите моментални проблеми, кои ги имаме со лисата за чекање за дечињата од предшколска возраст и навистина ќе биде растеретен целиот тој процес и родителите веќе нема да се соочуват со потешкотии за упишување на нивните дечиња, во градинките, вели Костовски.

Тој апелираше и побара од Министерството за труд и социјална политика да ја направат систематизацијата за работните места во новата детска градинка, но и да се одобрат согласности за вработување во другите градинки во Општина Бутел.

-Еве еден апел до министерката за труд и социјална политика да најде начин закочените согласности, неповрзани со оваа градинка, по основ на пензионирање и по основ на отказ да ги одобри за Општина Бутел, бидејќи тие мене не ми се потребни лично, туку се потребни на граѓаните и родителите, коишто живеат на оваа територија, додаде Костовски.

Би можело да ве интересира

Битиќи во Њу Џерси: Државната поддршка за инвестиции е потпора и за пазарните успеси на македонските компании во САД

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов

Бектеши: Нема институција што не дала позитивно мислење за рудниците од 2005 година наваму

Орце Костов

(ВИДЕО) Поништена одлуката за спојување на концесиите, Бектеши бара да се донесе акт дека рудниците ќе ја загрозат животната средина

Орце Костов

Битиќи: Финансиската помош на Владата ги развива домашните компании, тие враќаат со нови работни места

Битиќи: Законот за солидарност е потреба за населението, како Влада немаме како да отстапиме, предлогот е веќе испратен во Собранието