Битиќи: Ќе се фокусираме на економијата, таа носи добро за секој граѓанин

Од:

Владата во наредниот четиригодишен мандат ќе се посвети во најголем дел на економијата бидејќи тоа е нешто што ќе донесе подобар живот и стандард за секој еден граѓанин, вели вицепремиерот за економиски прашања Фатмир Битиќи. Етничкиот клуч за вработување во приватниот сектор, додава, не одговара на модерна, развојна и конкурентна секономија, туку за тоа е најважна компетентноста и професионалноста.

Тој во емисијата Трилинг на ТВ 24 истакна дека во владината програма на страна 39 параграф три стои дека Владата ќе се осигура да креира афирмативни мерки за различните категории граѓани со различности во нашата економија, но, како што потенцира, ако заедно утврдиме дека како Влада не сме направиле доволно.

-Но, клуч по етничка основа не може да биде клуч кој што одговара на модерна, развојна и конкурентна економија, туку компетентноста и професионалноста е клучот за сето тоа, рече вицепремиерот Битиќи.

Нашиот мандат, односно мандатот на оваа Влада во наредните четири години, потенцира тој, е да се фокусира на „економија, економија и економија“ затоа што, како што рече, тоа ќе донесе подобар живот за секој еден граѓанин во Македонија.

Тој најави дека ќе има ребаланс на Буџетот поради новиот пакет антикризни мерки и оти државата повторно ќе се задолжи.

-Ребаланс секако треба да има, затоа што ние спремаме нов пакет на економски мерки , затоа што е тоа потреба на граѓаните, тоа е потреба на економијата за справување со економските последици од корона вирусот, рече Битиќи.

Според него, на задолжувањето на државата не треба да се гледа само низ процентуалната задолженост, туку оти е клучно дали со задолжувањето ќе се решаваат проблеми на граѓаните, дали средствата ќе се лоцираат токму таму каде е најпотребно или средствата од задолжувањето ќе се користат за непродуктивни и неефикасни трошења. Тој е уверен дека државата е во состојба да ги враќа и старите долгови и оние поновите.

-Велам да. Ќе може да се враќаат кредитите. Пред некој ден имавме дебата меѓу ресорните министри и заклучокот е едноставен. Има задолжувања со историски највисоки каматни стапки во изминатиот период. Денеска на меѓунардниот финансиски пазар има за пет пати поефтини кредити. Било кој и најнеук да е и да го водел само своето семејство, ако некој му каже дека има поефтини пари наспроти тие кои завчера, ќе ги земе поефтините за да ги рефинансира постоечките, затоа што заштедата ќе му овозможи да реши одредени проблеми, рече тој.

Според вицепремиерот, доколку денеска се направат две такви операции ќе се заштеди онолку колку ќе не чинат субвенцинирање плати во приватниот сектор за три месеци.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Битиќи: Ако не успее сега, владата на СДСМ по 9 мај ќе ги продолжи стратешките инвестиции во енергетиката

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Ковачки: Постојат сериозни сомнежи за трговија со влијание на Битиќи и Муслиу, за нивните сопруги да добијат 620.000 евра грант, а ЈО молчи четири дена

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски