Битиќи им порача на музичарите дека ќе биде полесно да им се помогне ако станат дел од системот

Од:

Сметам дека на некои барања во овој момент е невозможно да се одговори, но секако креираме механизми за преку системско решавање да се помогне во овој момент или во наредниот период, рече денеска вицепремиерот Фатмир Битиќи за ултиматумот што го упатија вчера музичарите.

Битиќи порача дека кога оваа категорија граѓани ќе бидат дел од системот и од формалната економија, многу полесно ќе се креираат мерки за помош.

-Познат сум по тоа дека ги сослушувам сите страни. Прифаќам какво било барање зашто доаѓа од потреба. Но, ја слушам и другата страна, здравствените прилики. И како функционер и како човек мене ми е битно здравјето на граѓамните. Сметам дека на некои барања во овој момент е невозможно да се одговори, но секако креираме механизми за преку системско решавање да се помогне во овој момент или во наредниот период. Ги видов на протест, тоа е демократско право. Ако сметаат дека треба да протестираат, во некоја прилика дури и ќе им се придружам, ќе разговараме, но пред се да се грижиме за здравјето, наше и на нашите блиски, да ги почитуваме мерките зашто ќе имаме време и доволно прилики и за прослави и за работа и за надокнада на се што е изгубено, истакна Битиќи.

Тој рече дека пред неколку дена зборувал со фотографите, туристичлките водиици, естрадните уметници.

-Зборувам за музичарите, за сите категории луѓе. Има низа страни кои треба да бидат помогнати, на сите досега помогнавме согласно приликите. Секако, им понудивме да бидат дел од системот. За жал, зборуваме за категорија луѓе кои биле надвор од системот. Им понудивме преку активните мерки за вработување да се вклучат на пазарот на трудот и да разгоараме за законско решение како најлесно да влезат во системот. Кога ќе бидат дел од системот, дел од формалната економија, многу полесно ќе креираме мерки и за оваа категорија луѓе, напомена вицепремиерот.

Над 1.200 музичари и членови на шест сродни музички здруженија вчера упатија ултиматум до Владата до петок, 12 март, да им одговори на барањата за олеснителни протоколи за работа, обесштетување со помош од 43.000 денари, но и прием во Министерството за култура за да си ги кажат проблемите и да се најдат предлози за нивно надминување. Во спротивно, најавија, ќе бидат принудени правата да ги бараат на протест.

Шесте здруженија потпишаа Меморандум за соработка, а во Координативното тело се вклучени ЗУПМ – „Музика Сега“, Здружение на Естрадни Уметници – Скопје, „Охридски Музички Еснаф“, „Естрада“ – Битола, „Естрада“ – Струмица и Сојуз на професионални музичари – Скопје.

Би можело да ве интересира

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата