Битиќи-Абазовиќ: Потребно натамошно зголемување и на меѓусебната и на регионалната соработка

Од:

Односите меѓу Северна Македонија и Црна гора се на завидно ниво, и можат да послужат како пример на односи кои треба да се развиваат меѓу сите држави на Западен Балкан. Овие односи треба да продолжат да се градат и натаму, со уште поголема соработка, особено во економската сфера со цел подобар стандард на граѓаните на двете земји. Двете земји треба да даваат и поддршка на регионалните иницијативи и соработка како дополнителен стимул во забрзување на евроинтегративните процеси.

dobivaj vesti na viber

Ова е пораката што по денешната средба во Подгорица ја упатија вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и потпретседателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.

–Имаме навистина многу заеднички теми за дискусија. Живееме во ист регион. Имаме исти аспирации и се соочуваме со слични предизвици. Со потпретседателот Абазовиќ при неговата работна посета во Северна Македонија во март оваа година се заложивме дека ќе продолжиме со силни напори да ја интензивираме врската помеѓу нашите две земји во насока на развој на целиот регион на Западен Балкан. Пораката која ја испративме на нашата претходна заедничка прес-конференција во Скопје беше регионална конкурентност наспроти регионална конкуренција. За таа цел разменивме и разменуваме искуства за подобрување и зајакнување на бизнис окружувањето не само на нашите национални економии, туку да креираме висока додадена вредност на бизнисот во еден поширок контекст на целиот регион на Западен Балкан, истакна Битиќи на прес-конференцијата по средбата.

Според него, регионот на Западен Балкан има одлична шанса да ги искористи своите предности во овој постковид период и да се постави на светската мапа како мирен и стабилен регион во кој сите соработувааат и споделуваат исти демократски вредности. Т

-Треба да прераснеме во пример за конкурентен регион кој константно го зголемува својот удел во светската економија и кој ќе биде атрактивен за инвеститорите. Поединечно сме сите релативно мали земји со ограничени пазари и капацитети, но заедно веќе стануваме атрактивна и привлечна дестинација за инвеститорите. Ние мораме да разбереме дека голем дел од европските компании ја научија лекцијата од КОВИД -19 и размислуваат на тоа да ги приближат синџирите на снабдување блиску до своите граници, а на границите на ЕУ сме токму ние, рече вицепремиерот.

Тој информира дека на денешната средба се усогласиле дека сите компании од регионот, секоја земја во Западен Балкан треба да се третираат како домашни компании, односно земјите да ги изедначат условите кои тие ги добиваат со нивните политики.

-Дополнително, со воведување на афирмативни и стимулирачки мерки да ги поттикнуваме меѓусебно да се поврзат и заедно да креираат силен вредносен ланец низ целиот регион. Рефокусот на стимулирање на инвестициите на пазарот на Западен Балкан ќе креира отпорен и стабилен регионален пазар кој ќе е конкурентен на европскиот, односно светскиот пазар, а истовремено ќе ги поддржува и секако расне и зајакнува националните економии. Силните вредносни ланци се конкурентната предност на Западен Балкан во постковид периодот, истакна вицепремиерот Битиќи.

Потпретседателот на црногорската Влада Абазовиќ, по средбата оцени дека односите меѓу Северна Македонија и Црна Гора се на завидно ниво и оти може да послужат како пример на односи кои треба да се развиваат меѓу сите држави на Западен Балкан.

-Наша идеја и желба е и амбиција е релациите што ги имаме со Северна Македонија да ги имаме и со другите земји. Треба да се работи и натаму на соработката меѓу двете Влади и на тој начин да испратиме една поинаква слика и, по мене, многу позитивна порака од земјите на Западен Балкан дека може да соработуваме, да бидеме пријатели и межусебе да не се гледаме како конкуренти, туку како партнери и браќа и сестри, рече Абазовиќ.

Тој додаде дека на денешната средба разговарале за економијата и регионалното поврзување како еден важен политичи аспект за вкупните интеграции на двете земји кон ЕУ.

-Мислам дека треба да ја зголемуваме меѓусебната доверба, да ги поддржиме регионалните иницијативи, да треба да се обидеме да ги остраниме сите бариери кои постојат на Западен Балкан, но и да направиме се во иднина оваа зона да ја третираме како една во економска смисла, рече тој.

Во однос на регионалната соработка, тој нагласи дека таа не може никому да му штети.

-Мислам дека тоа е негативна полтичка приказна која овде се врти како мантра дека тоа можеби би го загрозило идентитетот на некоја земја и би ги пореметило односите внатре во земјата. Напротив помалку граници, бариери, админстрација, поголема кооперативност поголема мобилност, полесен пристап, заедничко аплицирање за реагионални проекти особено во инфраструктурата и енергетиката би биле благотворни за сите нас, рече Абазовиќ одговарајќи на прашање за тоа дали поддршката за регионалните иницијативи значи и поддршка на Отворен Балкан.

Ова, рече, е мој личен став. Според него, Северна Македонија е дел од оваа иницијатива и за земјата тоа не е замена за ЕУ, туку начин како побрзо да се стаса дотаму.

Битиќи, како што најавија деенска од неговиот кабинет ќе учествува на „Самитот на шефови на влади на Централно Европската иницијатива“. За време на Самитот, вицепремиерот Битиќи ќе учествува на посебниот настан, „Патоказ за здравјето и благосостојбата на Западен Балкан“, на „Пленарната сесија на шефовите на Владите на Централно Европската иницијатива“, како и на панелот на кој ќе се дискутира пост-пандемската иднина во Европа.

Во рамки на посетата на Црна Гора Битиќи ќе има средба и со министерот за финансии и социјална грижа, Милојко Спајиќ.

Би можело да ве интересира

Санкциите и украинската војна доведоа Русија да е западната во големи економски проблеми

Горан Наумовски

Бектеши: Забранет извозот на огревно дрво, пелети и пченица и брашно

Горан Наумовски

Бектеши: Се замрзнува маржата на лебот, шеќерот и зејтинот на 5%, а на брашното, макарони, ориз, кравјо млеко и јајца на 10% во трговија на големо и мало

Ана Ололовска

Битиќи и Лорковски: С. Македонија останува посветена на европскиот план за диверзификација и праведна транзиција од фосилни кон обновливи извори на енергија

Ана Ололовска

Бектеши: Сите трговци во туристичките места ќе можат да работат во недела и на празници, работниците ќе добијат 100% поголема дневница

Ана Ололовска

Битиќи од Кралството Данска: Јакнењето на вредносните ланци во регионот носи компетитивна предност за нашите земји

Ана Ололовска