Бислимовски: За две недели ќе се знае дали ќе има нова цена на струјата, блок-тарифите остануваат и во 2023 година

Од:

Откако ќе завршат тендерите за набавка на електрична енергија на универзалнииот снабдувач ЕВН Хоме и за набавка на загуби за МЕПСО и во Електродистрибуција за околу две недели ќе се знае новата цена на електричната енергија за домаќинствата, односно дали и колку ќе има зголемување на сметките.

– Кога ќе завршат од компаниите ќе добиеме барање за определување на нивните цени за 2023 година. Понудите ќе бидат доставени во следните две недели. Треба да се види колку ќе бидат трошоците за набавка на загуби, колкава ќе биде цената на берзата на ХУПЕКС која денес е околу 400 евра за мегават-час и по колкава цена ќе може ЕСМ да му продава на универзалниот снабдувач ЕВН. Досега беше 48 евра за мегават-час.

Блоковите ќе останат и во 2023 ходина, резултати се добри, има 16% намалување на потрошувачката. Но, сега во следните месеци ќе видиме каков ефект ќе имаат со оглед на грејната сезона и потребата од греење со клими – истакна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.

Во пресметките на цената на струјата не влегува увозот кој ЕСМ го прави во рамките на слободниот пазар, а е наменет за да се покријат загубите во пренос на МЕПСО и Електродистрибуција од околу 1.000 гигават-часови годишно.

– На ЕСМ му се дадени дополнителни обврски од државата, да обезбеди струја за техничките загуби во преносот на струја и тоа е околу 1.000 гигават-часови. Тоа не е обврска од законот за енергетика, туку наметната од Владата за да се избегнат големи трошоци на загуби.

Доколко МЕПСО и Електродистрибуција ги набавуваа своите загуби од слободниот пазар како што се прави од 2012 година, тогаш вкупните трошоци на двете компании би биле повисоки за околу 300 милиони евра. За да не паѓа тоа на товар на потрошувачите, ЕСМ по налог на Владата презеде обврска да ги обезбеди овие по многу пониски цени од пазарните и тоа е некаде од 143евра за мегават-час. И тоа го прави ЕСМ во рамки на слбоодниот пазар на електрична енергија. Овие увози не влегуваат во пресметките на цената на струјата – рече Бислимовски.

Тој тврди дека во 2023 година потребите за увоз на електрична енергија на малите потрошувачи и домаќинствата ќе бидат нула денари, а бил убеден дека ќе биле нула денари и оваа година ако не се случеа преминувањата од слободниот на регулираниот пазар.

Би можело да ве интересира

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Нема пазарна логика да се приватизира АД ЕСМ, тврди Бислимовски

Дефект на трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без струја

Горан Наумовски

За 25 месеци приклучени се нови 578,26 MW енергетски капацитети од обновливи извори