Бислимовски: РКЕ не носи одлука за крајна тарифа за цената на водата, туку определува минимална и максимална просечна тарифа

Од:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) не носи одлука за крајна тарифа за цената на водата, туку определува минимална и максимална просечна тарифа во рамки на која советот на општината на предлог на комуналните претпријатија носи одлука за висината на тарифата за граѓаните, информираат од РКЕ.

Во однос на одлуката за просечната тарифа на општина Штип, од РКЕ информираат дека со утврдената минимална тарифа РКЕ овозможува ЈКП „Исар“ да ја задржи истата цена како 2020 година.

– Во нашата одлука максималната цена е пониска од цената којашто ја побарале од ЈКП „Исар“. За домаќинства ЈКП „Исар“ побарале 46,68 денари, а минимална според нас може да биде иста како и сегашната, а максималната 46,39 денари. Дополнително ЈКП „Исар“ побараа зголемување на цената на отпадните води, но Регулаторна комисија предложи да се намали, посочува претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Определувањето на тарифата на цената на водата, се вели во соопштението од РКЕ, опфаќа неколку фази: РКЕ до Јавните комунални претпријатија предлага минимална и максимална просечна тарифа за цената на вода, по што секое ЈКП формира тарифи кои би ги плаќале различните категории на потрошувачи, кои ги доставува на одобрување на советот на општината која носи конечна одлука за тарифата на водата. Сите општини кои имаат над 10.000 жители добиваат тригодишни предлози за цената на водата за пиење од страна на РКЕ.

Со предложениот опсег за следните три години, се вели во соопштението, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги им овозможи на претпријатијата при определување на крајните цени да ги задржат постојните цени, кои ги наплаќаат во 2020 година, а комуналното претпријатие понатаму одлучува дали ќе достави предлог до општината за покачување на цената или не.

– РКЕ во моментот има ограничена надлежност во однос на крајната тарифата на цената на водата на пиење. Според законските можности, РКЕ само предлага минимална и максимална тарифа за три години, а понатаму Јавните комунални претпријатија одбираат дали ќе прифатат една од тарифите или нема да прифатат ни еден предлог. Минималната тарифа обезбедува основно функционирање на јавното комунално претпријатие без ниедна инвестиција, додека во формирањето на останатите се вкалкулирани неопходните инвестиции за следната година. Во изминатите години сведоци сме дека општините најчесто се определуваат за минимална просечна тарифа, која не обезбедува инвестиции па се соочуваме со дефекти во водоводната мрежа. Поради оваа пракса, РКЕ бара во целост да ја преземе надлежноста за формирање на тарифата за вода, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Би можело да ве интересира

РКЕ бара разделување на потрошувачката на електрична енергија на сметките за струја

Ана Ололовска

Регулаторна и министерствата работат на проширување на листата на потрошувачи за да се намали енергетската сиромаштија

Ана Ололовска

Бислимоски: Ќе се зголемат ингеренциите на РКЕ во делот на водни услуги

Ана Ололовска

Корисниците на природен гас од 1 јануари ќе добиваат пониски сметки

Жарко Настоски

Бислимоски: Неопходно е да се продолжи со реформите и инвестициите во енергетскиот сектор да бидат приоритет

Ана Ололовска

РКЕ: БЕГ мора да пушта парно и кога надвор ќе биде 16 степени

Ана Ололовска