Бислимовски: Поддршка за приклучените на парно греење кои ќе постават калолиметри

Од:

Регулаторната комисија за енергетика предлага да се најдат соодветни механизми со кои на приклучените на парно греење ќе им се овозможи да постават калолиметри.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски вели дека Владата, Градот Скопје и операторот на дистрибутивниот систем треба да најдат начин со кој ќе им се овозможи на приклучените на парно греење да го платат на рати трошокот за поставување на калолиметри или делумно да се намали поставувањето на овие уреди.

– РКЕ останува на ставот кај приклучените потрошувачи да започнат да се поставуваат соодветни уреди односно калолиметри. Притоа ги повикуваме операторот на дистрибутивниот систем, Владата и Градот Скопје да изнајдат соодветни механизми, овие трошици за приклучените потрошувачи да се намалат делумно или да им се овозможи да го платат трошокот на рати. Очекуваме дека тој што ќе набави поголеми количини калолиметри. ќе даде можност овој трошок да се подели најмалку на 12 рати, изјави Бислимовски.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Грејната сезона завршува, доколку има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија

Во ниту еден случај нема да се поскапи парното за домаќинствата, тврдат од Регулаторна

Орце Костов

Бислимоски: Без 200 денари за мрежарина, граѓаните ќе имаа поскапи прв блок и евтина тарифа за 15 отсто

Орце Костов

РКЕ: Неточни се наводите на професорот Трајковски дека мрежарината ги зголемува сметките

Орце Костов

Професор Трајковски: Фиксната мрежарина ги прави сметките поголеми при сите нивоа на потрошувачка

Орце Костов