Бислимоски: Потрошувачите плаќаат само за она што го имаат потрошено, РКЕ не ги признава кражбите на електрична енергија во крајната цената

Од:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) не ги признава кражбите на електрична енергија во крајната цена и истите се на товар директно на Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје – посочи Марко Бислимоски, претседател на РКЕ кој заедно со заменик претседателот Enver Elmazi и комесарите одржаа состанок со д-р Мирјана Лончар Велкова, претседателка на Организација на потрошувачите на Македонија (ОПМ).

„Потрошувачите треба да знаат дека плаќаат само за она што го имаат потрошено. РКЕ не ги признава кражбите на електрична енергија во крајната цената што ја одредува и истите се на товар директно на Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје. Дополнително доколку некој потрошувач има добиено сметка која отстапување од реалната состојба, може самостојно да го отчита броилото и да ја пријави состојбата, по што ЕВН ХОМЕ е должен веднаш да издаде нова корегирана сметка со реална состојба“, истакна Бислимоски.

На состанокот се отвори и прашањето во врска со висината на т.н мрежарина која во одредени сметки е поголема во однос на енергијата. Претседателот Бислимоски посочи дека потрошувачите на електрична енергија во Република Северна Македонија отсекогаш плаќале за користење на електропреносниот и електродистрибутивниот систем.

„До 30 јуни 2022 година, трошокот за користење на електропреносниот и електродистрибутивниот систем беше вклучен во цената на електрична енергија. Имајќи го ова предвид, како и обврските од законодавството на Европската унија за поголема транспарентност на цените РКЕ, на 27 јуни 2022 година донесе Тарифен систем за продажба на електрична енергија со што се направи поделба на вкупниот надоместок за испорачана електрична енергија на: надомест за електрична енергија, пренос и дистрибуција. Оваа поделба на вкупниот надоместок ЕВН ХОМЕ го пресликува во фактурата за испорачана електрична енергија за секој потрошувач, со цел секој да има увид кој износ го плаќа и за што го плаќа.“ истакна Бислимоски.

Од ОПМ посочија повеќе случаи кои стигнале до нив во врска со сметките за електрична енергија каде што износот за надоместокот за дистрибуција на електрична енергија е поголем од надоместокот за потрошена електрична енергија. Претседателот Бислимоски објасни дека тоа е така затоа што одредени домаќинства кои внимаваат на потрошувачката и истата ја имаат насочено во ниска тарифа (евтина тарифа) трошат електрична енергија која е далеку пониска и изнесува 10 евра за MWh, додека трошоците за мрежарина се исти и во висока и ниска тарифа.

ОПМ исто така укажува дека граѓаните реагираат на фактурите за електрична енергија поради двојна пресметка на деновите опфатени во две последователни фактури каде во наредната се јавуваат повторно истите денови за кои претходно е фактурирано. Иако ЕВН објаснува дека граѓаните треба да го гледаат пресметковниот период на втората страна од фактурата (во делот на детални информации), од ОПМ напоменуваат дека пресметковниот период треба да е идентичен односно да не се доведуваат во заблуда со различно претставени пресметковни периоди во една фактура и се надеваат дека ЕВН ова ќе го исправи.

Би можело да ве интересира

Во ниту еден случај нема да се поскапи парното за домаќинствата, тврдат од Регулаторна

Орце Костов

Бислимоски: Без 200 денари за мрежарина, граѓаните ќе имаа поскапи прв блок и евтина тарифа за 15 отсто

Орце Костов

РКЕ: Неточни се наводите на професорот Трајковски дека мрежарината ги зголемува сметките

Орце Костов

Професор Трајковски: Фиксната мрежарина ги прави сметките поголеми при сите нивоа на потрошувачка

Орце Костов

Бислимоски: За две години се инсталирани фотоволтаици со иста моќност колку РЕК Битола

Орце Костов

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

Орце Костов