Бислимоски: Ја поздравувам иницијативата на ГЕС да започнат со снабдување со топлинска енергија во Скопје Север и Автокоманда

Од:

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски ја поздравува иницијативата на Градски енергетски системи (ГЕС) да започнат со снабдување со топлинска енергија во Скопје Север и Автокоманда.

До РКЕ, како што вели Бислимоски, веќе е поднесено барање од ГЕС за што Регулаторот издал решение за прекин на постапка што е обжалено на Управен суд и во моментов се чека одлука од Судот.

– Во изминатиот период имав комуникација со претстравници од ГЕС и Балкан енерџи груп (БЕГ) и сметам дека ќе се најде компромисно решение пред се за мрежата која сега е дадена на користење на ГЕС, но за неа претходно има договор за користење во период од 35 години со БЕГ што започна да се применува од 1 јануари 2013 година. За онаму каде ГЕС ќе ни покаже дека има свои основни средства може да добие лиценца. Тоа најбрзо би можело да се случи за Скопје Север, а потоа и во делот на Железара, односно за Енергетика. За тоа помеѓу себе треба да се договорат ГЕС и Енергетика која е во сопственост на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), изјави Бислимоски.

Тој нагласи дека треба да се најде соодветен начин на кој тие средства би се дале на користење на ГЕС.

– Во Скопје Север имаме компанија која функционира со огромни загуби и нема ни финансиски средства да ги покрива трошоците за набавка на природен гас. И во текот на минатата грејна сезона и во текот на оваа грејна сезона ова претпријатие имаше сериозни проблеми во овој дел. Како Регулаторна комисија за енергетика неколку пати го замоливме снабдувачот со природен гас Макпетрол хром гас да им излезе во пресрет пред се заради граѓаните, рече Бислимоски.

Тој нагласи дека топланата во Скопје Север има огромен потенцијал за нови потрошувачи, бидејќи во голем дел од зградите во Скопје Север и во Тоопанско Поле веќе има постоечка инфраструктура.

– Верувам дека ќе има голем број на корисници кои ќе се приклучат на организираниот систем за греење и со тоа ќе придонесат за намалување на своите трошоци и за намување на загадувањето во Град Скопје, потенцира Бислимоски.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Грејната сезона завршува, доколку има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија

Во ниту еден случај нема да се поскапи парното за домаќинствата, тврдат од Регулаторна

Орце Костов

Бислимоски: Без 200 денари за мрежарина, граѓаните ќе имаа поскапи прв блок и евтина тарифа за 15 отсто

Орце Костов

РКЕ: Неточни се наводите на професорот Трајковски дека мрежарината ги зголемува сметките

Орце Костов

Професор Трајковски: Фиксната мрежарина ги прави сметките поголеми при сите нивоа на потрошувачка

Орце Костов