Бислимоски: Да не креваме хистерија и да правиме паника, скопјани од утре ќе имаат парно

Од:

Регулаторната комисијаза енергетика ги издаде трите лиценци на АД ЕСМ за регулирано производство на топлинска енергија, за дистрибуција и за снабдување со што се исполнети сите предуслови утре на 15 октомври да се вклучи парното греење за скопјани.

Лиценцата за производство е издадена до април 2023 година, лиценцата за дистрибуција на максимален рок од 35 години и лиценцата за снабдување на максимален рок од 10 години.

– Со издавањето на овие лиценци се исполните сите предуслови за отпочнување на грејната сезона во Градот Скопје која ќе започне од 15 октомври. Сите критериуми кои важеа, ќе останат и понатаму. Температурата ќе остане 21 степен целзиусов.

Во Белград започнувањето на грејната сезона е одложено, истото е направено во Италија. Во Австрија и Швајцарија максималните температури се 19 степени, а ние остануваме на истите 21 степен и се што може РКЕ да направи, ќе направи во рамките на нормалното за да има непречено греење.

Очекуваме дека во првичните денови со топлината ќе има вообичаени проблеми. Ги повикувам граѓаните да покажат трпение. Се што треба да превземе ЕСМ ќе биде преземено со цел топлината да стигне до секој стан. Очекуваме почеток на грејната сезона. Го повикуваме ЕСМ да работи во оптимален режим на работа со цел да се заштеди на гориво за производство на топлина – истакна претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Тој рече дека октомври и ноември нема да бидат проблематични месеци бидејќи се очекува да имаме повисоки температури, па неработењето на ТЕ-ТО кој се уште не може да најде поевтин гас, нема да влијае врз парното греење.

– Скопје до 2012 година се греело без ТЕ-ТО и сега ќе може. Замолувам да не создаваме непотребна паника и да не креваме хистерија кај граѓаните. Србија која има далеку пониска цена на гасот и резерви на гасот, ја одложи грејната сезона за една недела. Така што верувајте им на институциите – порача Бислимоски.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Грејната сезона завршува, доколку има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија

Во ниту еден случај нема да се поскапи парното за домаќинствата, тврдат од Регулаторна

Орце Костов

Бислимоски: Без 200 денари за мрежарина, граѓаните ќе имаа поскапи прв блок и евтина тарифа за 15 отсто

Орце Костов

РКЕ: Неточни се наводите на професорот Трајковски дека мрежарината ги зголемува сметките

Орце Костов

Професор Трајковски: Фиксната мрежарина ги прави сметките поголеми при сите нивоа на потрошувачка

Орце Костов