Без соодветна обука, сертифицирана опрема и лиценца нема користење пестициди

Од:

Секој кој што ќе користи производ за заштита на растенијата, ќе мора да помине соодветна обука и да добие лиценца за употреба на пестициди. Опремата, пак, за апликација на производите за заштита мора да се контролира и да има сертификат од овластено сертификациско тело, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа.

Во моментов, рече Хоџа, земјава се соочува со предизвици во однос на исполнувањето на фитосанитарните барања за земјоделските производи, особено ако се земе предвид дека ова е период на значајни промени на пакетот на европското законодавство за здравјето на растенијата и официјалните контроли.

-Станува збор за комплексно законодавство, при што се воведуваат многу рестриктивни и строги услови за влез на земјоделските производи на пазарите на ЕУ. За таа цел, Министерството за земјоделство донесе Правилник базиран на анализа на ризик, со нови барања за увоз на растенија и растителни производи во Република Северна Македонија, кој ќе стапи во сила на 1 септември 2021 година. Во овој период, интензивно работиме со сите засегнати страни, за нивно запознавање и исполнување на новите фитосанитарни барања кои мора да се исполнуваат. Само така, за нас ќе биде достапен европскиот пазар, потенцира министерот на настанот на кој беа презентирани измените на Законот за фитофармација.

Според него, досега постигнатите резултати се поддржани од тековниот проект „Пoдобрување на спроведувањето на законодавството за здравствена заштита на животните, безбедноста на храна и фитосанитарнотo законодавство и соодветните информативни системи“, во рамки на Инструментот за претпристапна помош 2015.

-Во чекор со актуелните политики и регулативи на ЕУ, последнава година направивме иклучително позитивни придвижувања во насока на модернизација и современо управување во фитосанитараната политика. Лани го донесовме Законот за фитофармација, кој базира на европското законодавство. Но, со Законот се наметнуваат предизвици и реформски зафати. Произлегуваат и обврски за организирање и спроведување обуки и испити за земјоделците, советниците и дистрибутерите, како и контрола и сертификација на опремата за апликација на производите за заштита на растенијата, подвлече министерот.

За спроведување на Законот за фитофармација, додаде, потребна е стручна служба за интегрална заштита на растенијата од економски штетни организми, со кои би се опфатила целата територија на земјата и сите економски земјоделски култури.

-Како една од развојните компоненти, во последните две години го дизајниравме и развиваме Фитосанитарниот информативен систем, како и веб страницата на Фитосанитарната управа, со што се овозможи побрза размена на податоци, комуникација и координација на сите страни вклучени во фитосанитарниот сектор, рече Хоџа.

Тој потсети и дека 2020-та беше прогласена за Меѓународна година на здравјето на растенијата, под мотото „Здрави растенија, здрав живот“. Заради пандемијата, одбележувањето беше продолжено до средината на 2021 година, а МЗШВ како инстиуција беше активно вклучено преку информативни кампањи, панели, трибини и промоции.

Би можело да ве интересира

МЗШВ и оризопроизводителите постигнаа договор

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев и Хоџа: Со акцијата за пошумување ги обновуваме зелените површини за здрава животна средина

Ана Ололовска

Пчелите и медот да бидат заштитени со закон, граѓаните да научат како се препознава вистински мед

Ана Ололовска

Хоџа: Нема да дозволиме поединци да профитираат политички на сметка на лозарите

Ана Ололовска

Министерот Хоџа им гарантира на лозарите дека нема да остане неоткупено грозје

Ана Ололовска

Винариите ќе откупат околу 90 милиони килограми грозје

Ана Ололовска