Бесконтактни картички за плаќање користат скоро две третини од македонските граѓани

Од:

Околу 86 проценти од граѓаните се подготвени да плаќаат со бесконтактни платежни картички, а во земјава 68 проценти од потрошувачите редовно користат бесконтактни картички, покажуваат резултатите од регионалното истражување на компанијата Виза во рамки на кампањата „Во чекор со дигиталната иднина“.

Истражувањето покажува дека во земава се забележани многу добри резултати кога станува збор за бесконтактни трансакции, односно дека употребата на овој начин на плаќање со виза картичките бележи раст од 113 проценти во однос на март минатата години.

Како што наведуваат, за овие промени придонесе и кризата предизвиката на Ковид-19, која не се намалува и ги насочува луѓето поради грижата за здравјето да ги променат своите навики.

Како главни предности при употребата на бесконтакните картички, граѓаните ги истакнуваат – брзината, едноставноста при ракување и практичноста.

– До поголеми промени во однесувањето на потрошувачите дојде и секаде во светот, со фокус на е-трговијата и сеопфатната потреба за искуство без контакт на продажното место. На пример, 13 милиони луѓе во Јужна Америка и на Карибите го направија своето прво купување на мрежата во првиот квартал од 2020. година, а 31 милион Американци во март 2020 ја имаат употребено својата Visa бесконтактна картичка или дигитален новчаник со опцијата приближи-и-плати (tap-to-pay), во споредба со 25 милиони во ноември, наведуваат во истражувањето.

Додаваат дека по зголемувањето на бесконтактните ограничувања, во Европа согледуваме дополнителни 29 милиони преноси на неделно ниво кои веќе не бараат PIN, а во земјава ограничувањето е зголемено на максимални 2.500 денари, со кое на потрошувачите им е овозможено едноставно да ја наслонат својата Visa картичка и да платат без внес на PIN. Зголемениот лимит без внес на PIN, оценуваат, претставува пораст од 25 проценти во однос на претходниот износ од 2.000 денари, со кое на потрошувачите дополнително им се олеснуваат секојдневните трансакции.

Бесконтактни картички во Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора користи секој четврти граѓанин. Албанија, бележи најниска употреба – еден од 10 потрошувачи, но истите се мотивирани да се запознаат подобро со оваа технологија и да ги користат нејзините придобивки.

Според зборовите на Владимир Ѓорѓевиќ, генерален директор на компанијата Visa за Југоисточна Европа, пандемијата предизвикана од Ковид-19 ги промени потрошувачките навики на граѓаните и влијаеше на прифаќањето на новите технологии при плаќање.

– Истражувањето кое го направивме во регионот пред повеќе од месец, ни потврди дека потрошувачите во Македонија ги усвојуваат методите за плаќање и дека бесконтактното станува новиот стандард. Времето е драгоцено за сите, навиките моравме да ги промениме поради присуството на вирусот, а трговците континуирано бараат начини да го унапредат искуството при плаќање, истакнува Ѓорѓевиќ и напоменува дека вакви истражувања, за навиките на потрошувачите, за компанија како што е Visa, се драгоцени, како и дека продолжува работата за забрзување на прифаќањето на бесконтактното плаќање.

Истражувањето, покажува дека секој петти потрошувач во земјава користи мобилен телефон за бесконтактно плаќање, додека 77 проценти се запознаени со опцијата мобилен новчаник. Околу 68 проценти од корисниците изразиле желба да плаќаат во иднина со помош на апликациите на мобилниот телефон.

Би можело да ве интересира

Левица: Приходите на банките од камати изнесуваат 267 милиони евра

А1он

Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за натамошно зајакнување на отпорноста

Орце Костов

Надминат е проблемот со картичките VISA и Mastercard, повторно можат да се користат банкоматите

Катерина Ѓуровски

Банкарска асоцијација: VISA и MasterCard се недостапни – Дефектот не е од македонска страна

Голем дефект – не работат картичките од сите банки во цела Македонија, но и во странство, вадење пари само на шалтер

Анита Петровска Рајковиќ

АНАЛИЗА : Банките ги заострија кредитните услови – фирмите и граѓаните „воздржани“ од нови задолжувања !