Бесими: Учеството на стопанските комори има важна улога во процесот на унапредување на економските односи меѓу двете држави

Од:

„Зајакнување на економската соработка, нови странски инвестиции во РС Македонија и Република Бугарија, но и интензивирање на изградбата на патниот и железничкиот коридор помеѓу двете земји што ќе придонесе кон зголемување на можноста за привлекување инвестиции“, ова беа заклучоците на средбата на владините претставници и стопанските комори од македонската и бугарската страна. Средбата беше одржана во рамки на првиот состанок на новоформираната работна група со Бугарија за економија, трговија и иновации, чиј организатор е Министерство за финансии.

dobivaj vesti na viber

Копретседавачи на овој настан беа министерот за финансии, Фатмир Бесими и министерот за инвестиции и раст на Р Бугарија, Даниел Лорер. На настанот се обрати и вицепремиерот Фатмир Битиќи.

– Учеството на стопанските комори има важна улога во процесот на унапредување на економските односи меѓу двете држави. Преку конкретни програми за соработка ќе се работи на подобрување на деловната клима со цел да се зголеми обемот на инвестициите, а идеите и предлозите од бизнис заедницата имаат додадена вредност на веќе утврдените приоритетни области и програми, како и на оние кои ќе произлезат од нивна страна, нагласи Бесими.

Министерот Лорер потенцира дека ќе се работи на подобрување на бизнис климата, како и подобрување на инвестициите во иновативните компании и други финансиски инструменти. Воедно Лорер рече дека идејата на ваквата средба е да се слушне директно од бизнис заедницата кои се изгледите за инвестиции.

Претставниците на стопанските комори покажаа јасен интерес за зголемување на економската соработка и зголемување на инвестициите од земјите кои ги претставуваат во РС Македонија и Р Бугарија.

На средбата од македонска страна присуствуваа Антони Пешев, од Стопанска комора на Македонија, претседателот на ССК, Трајан Ангеловски, претседателот на стопанска комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа, претседателот на АмЧам, Драган Давитков, директорот на Делегацијата на германско стопанство, Патрик Мартенс, претседателката на МАСИТ, Анета Антова Пешева, и претседателот на Mакедонско-Бугарска стопанска комора Кирил Лазаров.

Од бугарската страна беа присутни, АмЧам – Бугарија, од Асоцијацијата за иновации, од Бугарската асоцијација за инфоматички технологии, од Бугарската индустриска асоцијација, Бугарско-Македонската стопанска комора, Бугарско-Шпанската стопанска комора, Бугарско-Македонски бизнис клуб, и Француско-Бугарската стопанска комора.

Би можело да ве интересира

Бесими: Со околу 190 милиони евра од ЕБОР ќе се финансираат Скопје-Блаце, ФЕ Осломеј 2 и ФЕ Битола

Ана Ололовска

МФ: Граѓаните од денеска ќе можат да аплицираат за субвенциониран кредит од проектот „Купи куќа, купи стан“

Ана Ололовска

Средба на Бесими со поранешните министри за финансии

Катерина Павлова-Николовска

Бесими: Во време на глобални кризи остануваме посветени на реформската агенда, поддршката од ЕБОР значајна за нашите приоритети

А1он

Бесими – Улман: Швајцарија, еден од најголемите развојни партнери на РС Македонија, се зајакнува економската соработка

Ана Ололовска

МФ: Јавниот долг во услови на криза намален на 57,1% од БДП, на ниво под мастришкиот критериум

А1он