Бесими: Со околу 190 милиони евра од ЕБОР ќе се финансираат Скопје-Блаце, ФЕ Осломеј 2 и ФЕ Битола

Од:

Со 188 милиони евра од Европската банка за обнова и развој ќе се поддржи изградбата на три многу важни инфраструктурни проекти во земјава – автопатот Скопје-Блаце и фотоволтаичните електрани ФЕ Осломеј 2 и ФЕ Битола. Собранието вчера даде зелено светло за двата закони за државна гаранција, кои беа изготвени од Министерството за финансии. Средствата ќе станат достапни по потпишување на договорите од страна на ЕБОР, ЈП за државни патишта, Електрани на Северна Македонија и Министерството за финансии.

dobivaj vesti na viber

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, неодамна истакна дека изградбата на овие проекти е од исклучително значење за развојот на државата. Со изградбата на втората подделница од автопатот Скопје – Блаце во должина од околу 10.5 км значително ќе се подобри мобилноста и трговската размена, безбедноста на патот, ќе се скрати времето на патување и ќе се зголемат можностите за социо–економски развој, како на национално, така и на регионално ниво.Проектот ќе го имплементира ЈПДП и ќе се финансира со средства од ЕБОР во износ од 167,6 милиони евра, инвестициски грант од ВБИФ во износ од 20,82 милиони евра и грант за техничка помош од ВБИФ (техничка поддршка за имплементација на проектот и надзор) во износ од 5,68 милиони евра. Дополнително, ЕБОР доделува грант во износ од 0,35 милиони евра за изработка на е-мобилити национална стратегија и акциски план за патна инфраструктура.

Во услови на енергетска криза од исклучително значење е реализацијата на проектот на ЕСМ за транзиција кон соларни фотоволтаици кој опфаќа изградба на ФЕ Осломеј 2 со инсталирана моќност од 10 MW и ФЕ Битола со 20 MW, чијшто имплементатор биде ЕСМ. Оваа инвестиција ќе придонесе за нови вработувања, што позитивно ќе влијае врз социјалниот аспект во овие два региони, кадешто е планирана изградбата на двете фотонапонски електрани.

„Основната цел на Проектот на ЕСМ за транзиција кон соларни фотоволтаици е да помогне во постигнувањето на европските норми за емисии на стаклении гасови, како и во исполнувањето на еколошките цели и заложби на Република Северна Македонија. Истиот ќе има позитивен ефект врз животната средина, бидејќи со пуштање во употреба на фотонапонските електрани, ќе се намали производството на електрична енергија од термоцентралите“, рече Бесими образложувајќи го законот во Собранието.

Вкупната инвестициска вредност на проектот изнесува 25,5 милиони евра и истиот го финансира АД ЕСМ – Скопје со заем од ЕБОР во износ од 19,8 милиони евра, обезбеден со државна гаранција, со грантот од ВБИФ во износ од 5 милиони евра и со сопствени средства во износ од 0,7 милиони евра.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Со новата праведна даночна реформа нема нови даноци, нема зголемени даноци и се укинува прогресивното оданочување

Ана Ололовска

Николова: Буџетот за 2023 година обезбедува економска пресвртница и повисоки плати и пензии

Ана Ололовска

Стојаноски: Предлог буџетот за 2023 година е историски највисок, нереален, инфлаторен, надуен балон кој е прашање кога ќе експлодира

Ана Ололовска

Бесими: Повеќе средства за поддршка на граѓаните преку усогласување на пензиите и платите со трошоците за живот

Ана Ололовска

Бесими: Усвојувањето на законското решение за ПЛЛ, овозможува пристап до 530 милиони евра за справување со кризата и поддршка на граѓаните и економијата

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски го проектира најгломазниот буџет, и дефицит кој е надвор од сите рамки на одржливост