Бесими: Резервирани се 50 милиони евра за да нема ребаланс во првиот квартал од идната година

Од:

Тоа што можеме да го предвидиме е ставено во Предлог-буџетот за 2021 година, како и тоа што го имаме како проекција, а за тоа што не можеме да го предвидиме имаме резервирано средства. Подготвени сме да се справиме со секаква ситуација со капацитетите што ги има нашата држава, порача денеска министерот за финансии Фатмир Бесими и додаде дека веќе има предвидено 50 милиони евра за да нема ребаланс уште во првиот квартал од 2021 година.

-Веројатно и во текот на наредната година ќе има потреба од ребаланс, но за да не се случи тоа уште од почетокот во буџетот веќе имаме предвидено околу 50 милиони евра за ковид програмата на Владата. Тие во моментов се резервирани за мерки и политики што ќе се донесат во наредниот период. Средствата се предвидени за ситуација да има потреба од нови мерки, а да не одиме со ребаланс уште на почетокот на 2021 година или во првиот квартал од годината, рече Бесими во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Посочи дека има мерки од досегашните четири пакети на економски мерки за справување со последиците од корона-кризата што почнуваат да се реализираат во 2021 година, а има, додаде, и мерки кои сме ги најавиле а ќе се спроведат во 2021 година како што е кредитот од ЕИБ за компаниите што ќе се реализира преку Развојната банка, 40 милиони евра средства од Европската Унија, гарантната шема од 13 милони евра,…

-Во период на криза, а особено на ваква, тоа што е единствено извесно е неизвесноста, тоа што е единствено предвидливо е непредвидливоста. Затоа сметаме дека е исклучително важно за предвидливоста во даночниот систем, во економијата и за инветиторите како Влада да излеземе со јасни пораки проекции за политиките и реформите што ги планираме. Тие се рефлектирани во овој Предлог-буџет, рече Бесими.

Би можело да ве интересира

Бесими: Не е реално да се очекува нов тендер за Чебрен пред избори

Орце Костов

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

МФ: Усвоен Буџетот за 2024 во Собранието, носи инвестиции, развој и одржливост

Пренџов: 20 години ДУИ ги поддржува сите буџети на државата, пари за автопати, мостови и граѓаните нема, ама за бизнисите на челниците на ДУИ има

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2024 година

Горан Наумовски

УПОЗ ги повика Кацарска и Бесими да најдат решение за платите за вработените во Финансии