Бесими: Повеќе средства за поддршка на граѓаните преку усогласување на пензиите и платите со трошоците за живот

Од:

Повеќе средства за усогласување на пензиите и платите со трошоците за живот, средства за антикризни мерки за догодина, но и силна развојна компонента преку зголемените за над 50% капитални инвестиции се планирани со предложениот Буџет за 2023 година. Сепак, водејќи се по златното правило во финансиите, задолжување само во функција на инвестиции, со буџетот за 2023 година се останува на патот на постепена фискална консолидација. Ова го посочи министерот за финансии, Фатмир Бесим, во експозето пред Комисијата за финансирање и буџет во Собранието на РС Македонија.

-Предлог-буџетот за 2023 година има четири основни цели: справување со последиците од енергетската криза и зголемената инфлација; продолжување на фискалната консолидација и зацврстување на фискалната одржливост; обезбедување услови за економско заздравување и одржлив економски раст и непречено финансирање на основните функции на државата и поддршка за реформите во правосудството и евро-атлантските интеграции (ЕУ и НАТО), истакна министерот за финансии.

Со Предлог-буџетот за 2023 година, вкупните приходи се проектирани на ниво од 282,1 милијарди денари и истите се за 14,8% повисоки во однос на 2022 година, додека расходите се планирани на ниво од 324,8 милијарди денари или за 12,6% повисоки во однос на 2022 година. Буџетскиот дефицит е планиран на ниво од 4,6% од планираниот БДП или 42,7 милијарди денари.

-Проекциите за приходите на Буџетот за 2023 година се базираат на реализација на приходите во тековната 2022 година, очекувања за економскиот раст и подобрување на ефикасноста и ефективноста на системот за наплата на јавните приходи. За остварување на проекциите на приходите планирани се мерки и активности во насока на подобрување на постојната даночна регулатива, намалување на даночната евазија, воведување напредни технологии, модернизација и автоматизација на работните процеси, зајакнување на капацитетите на институциите за прибирање приходи, зголемена и поефикасна наплата на даночните приходи, како и зајакнување на институционалната координација, рече министерот.

Со проектираните расходи во буџетот за следната година се обезбедува фискална консолидација, економско заздравување и забрзан раст, континуитет во спроведување на дисциплинирана буџетска политика и зајакната контрола на јавните трошења, поддршка на домашната економија, приватниот сектор и граѓаните, зголемена и забрзана реализација на инфраструктурните проекти, привлекување на странски инвестиции и иновативност на домашните компании и поддршка на интегративните процеси на Република Северна Македонија во ЕУ и обврските кои произлегуваат од членството во НАТО и друго.

Проектираниот дефицит за 2023 година во износ од од 42,7 милијарди денари како и отплатата на долгот во износ од 52,1 милијарди денари (од кои за надворешен долг во износ од 36,5 милијарди денари и за домашен долг во износ од 15,6 милијарди денари) ќе се финансираат преку домашно и странско задолжување.

-На среден рок, и покрај присутните ризици и неизвесноста, фискалната политика ќе продолжи кон натамошна консолидација, реструктуирање и оптимизирање на јавните приходи и расходи со постепено намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг, поттикнување на економската активност преку капиталните расходи и инфраструктурните инвестиции, како и подобрување на условите за водење бизнис и отворање нови работни места. Редефинираната буџетска рамка обезбедува навремен и соодветен фискален одговор на влошениот глобален макроекономски контекст и одржлива позиција на јавните финансии во услови на зголемена неизвесност. Буџетската поддршка за ублажување на ценовните шокови и субвенционирањето на електроенергетскиот систем се во насока на зачувување на животниот стандард на граѓаните и ликвидноста на фирмите, истакна Бесими.

Министерот посочи дека реализацијата на капиталните расходи и инфраструктурните проекти во приоритетните области, во согласност со владините политики, ќе генерира позитивни мултипликативни ефекти врз економскиот раст на среден рок и ќе ја забрза реалната економска конвергенција кон европските економии. Зачувувањето на макроекономската стабилност и фискалната одржливост ќе создаде поповолни услови за динамизирање на економската активност.

Би можело да ве интересира

Усвоен Буџетот за 2023 година

(ВИДЕО) Марковска: Со Буџетот за 2023 година рекордни средства за земјоделството и капитални инвестиции

Ана Ололовска

Ристова: Буџетот за 2023 година обезбедува покачување на пензиите, на минималната плата и повеќе средства за општините

Ана Ололовска

Стојаноска: Покачување на плата во услови кога инфлацијата кај храната е 30 отсто е неопходност, а не расипништво

Ана Ололовска

Презентиран предлог Буџетот за земјоделство за 2023, историски најголем буџет со фокус на стабилно и зголемено производство на храна

Горан Наумовски

Николова: Буџетот за 2023 година обезбедува економска пресвртница и повисоки плати и пензии

Ана Ололовска