Бесими му го врачи Предлог-буџетот за 2021 на претседателот на Собранието

Од:

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска го достави Предлог-буџетот за 2021 година до претседателот на Собранието Талат Џафери и на овој начин, како што информираат од Министерството за финанси, е симболично одбележано влегувањето на Предлог-буџетот во највисокото законодавно тело.

-Предлог-буџетот за 2021 година се доставува до Собранието навремено, дури и порано од рокот предвиден со буџетскиот процес, наведуваат од Министерството за финансии.

Министерот Бесими на средбата посочи дека во насока на самостојноста на буџетот на Собранието – предлогот доставен од Собранието е инкорпориран во Предлог-буџетот за 2021, како што е даден од страна на законодавното тело без никакви интервенции.

Бесими истакна дека со буџетот за 2021 година се прават системски измени кои ќе постават основа за постратешко, подолгорочно и потранспарентно дејствување на јавните финансии во иднина, односно СМАРТ финансии. Овој буџет воведува нов концепт на среднорочно планирање – односно 5-годишна рамка за капиталните проекти, растот и дефицитот. Со тоа ќе се зајакнат и капацитетите за планирање, но и на реализација на таргетите. Исто така, ќе се воспостават и механизми кои ќе го мерат импактот на проектите врз економијата, како и систем на наградување и казнување на оние кои имаат добра реализација и на оние кои потфрлиле.

Предлог- буџетот за 2021 предвидува и средства за справување со Ковид-кризата. Тој има три цели – поддршка на здравството, поддршка на економијата и системски реформи во правосудството и евроатланските интеграции. Ова ќе се постигне преку стратегијата за економско заздравување и забрзан раст (која содржи четири столба – 1.справување со Ковид кризата, 2.одржлив и зелен раст, 3.конкурентност на приватниот сектор и 4.човечки капитал), како и политиките за фискална консолидација на среден рок.

Министерот посочи дека очекува една демократска расправа во Парламентот за Предлог-буџетот, една дискусија која ќе биде конструктивна и ќе нуди решенија и оптимално дејствување.

Бесими истакна дека во време кога целиот свет и глобалната економија се соочуваат со една од најголемите кризи, потребни се одлуки и решенија кои на прво место ќе го ставаат здравјето на граѓаните, но и економијата.

Тој додаде дека ова е време кога исклучително е важно да следиме претпазливо што се случува, да сме агилни – да дејствуваме брзо, но и да размислуваме стратешки на долг рок.

Би можело да ве интересира

Бесими-Силвестри: Економската состојба стабилна и покрај ковид-кризата

Ана Ололовска

Бесими со порака до инвеститорите на форумот на „Еуромани“: Економски раст годинава, догодина забрзување на растот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев: Во 2020 го испорачавме ветеното, 2021 година на квантен економски скок

Ана Ололовска

Оставаме година на пандемија, 2021. година на очекување и опоравување

Ана Ололовска

Бесими: Идната 2021 година во знак на заштита на здравјето, економско заздравување и реформи за забрзан раст на среден и долг рок

Ана Ололовска

Бесими: Антикризните мерки го ублажија падот на економијата кој ќе беше над 7%

Ана Ололовска