Бесими: Иновативни начини за финансирање на инвестициите во јавниот и приватниот сектор преку Планот за забрзан економски раст

Од:

Планот за забрзан економски раст денеска беше претставен пред стопанските комори, банките, Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони, Развојната банка и Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).

Планот е насочен кон инвестиции во јавните проекти, во приватниот сектор, реформските политики и институционалните реформи, а приоритетни области на кои ќе биде фокусиран се зелената економија, дигитализацијата, иновациите и технолошкиот развој, човечкиот капитал и социјалната кохезија. Средствата за реализација ќе се обезбедуваат од Буџетот, но и преку меѓународни и билатерални финансиски инститиуции, приватни институционални инвеститори, банки и преку грантови.

– Во насока на нашите заложби за фискална консолидација, а воедно и заложбите за удвојување на економскиот раст и постигнување годишни стапки на раст на БДП од околу 5 проценти, Министерството за финансии го подготви Планот за забрзан економски раст. Целта на Планот е да се зголемат вкупните инвестиции во економијата, а притоа да се остане на зацртаниот курс да се намалува постепено фискалниот дефицит, а со тоа и да го задржиме долгот на стабилно ниво, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими.

Планот се очекува да биде усвоен од страна на Владата, а активностите се предвидени за периодот од 2022-2026 година.

– Главната поента на Планот е преку креирање и користење нови механизми, инструменти, фондови и извори на финансирање да се создаде позитивен мултипликативен ефект, односно покрај планираните јавни инвестиции во износ од околу 4 милијарди евра за периодот 2022-2026 година, финансирани од буџетот, ИПА фондовите и меѓународните финансиски институции, да се мобилизираат неколкукратно повеќе средства и инвестиции од приватниот сектори, потенцира Османи и оцени дека со тоа ќе се влијае не само на зголемување на вкупните инвестиции и забрзување на растот, туку и на отворањето нови работни места.

Дел од инструментите кои веќе се на располагање и новите инструменти предвидени во Планот беа претставени од страна на директорот на Развојната банка, Кире Наумов, директорите на ФИТР, Коста Петров и на Дирекцијата за ТИРЗ Јован Деспотовски.

Денешната дискусија се одржа во рамки на СЕФФ платформата која е активна по одржувањето на Првата конференција на МФ во септември годинава.

Би можело да ве интересира

Јанушев: Обвинителството да отвори истрага за грантовите од ФИТР на Дрин Ахмети, од шест милиони по огласот, тој добил пет

Бесими: Не е реално да се очекува нов тендер за Чебрен пред избори

Орце Костов

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

УПОЗ ги повика Кацарска и Бесими да најдат решение за платите за вработените во Финансии

Бесими: 50 милиони евра дополнителен капитал за домашните компании за поддршка на зелени инвестиции

Средба Бесими – Басани: Нотирани постигнувањата на земјава резултат на 30-годишното партнерство со СБ