Бесими: Eкономиите во светот ги прошируваат дефицитите за да ја стимулираат економската активност

Од:

Ковид е најголемата економска криза која се случила од Големата депресија наваму, поголема и од Светската економска криза од 2009 година и кај сите земји во светот се проширува дефицитот за да се поттикне економската активност, додека проекциите за економските резултати се негативни, посочи министерот за финансии Фатмир Бесими на општата расправа за ребалансот, на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Министерот за финансии посочи дека во однос на економскиот раст за првите два кавратала, резултатот на земјава е -6,4%, за првите два тримесечја. Во регионот Грција има пад од -8,5%, Словенија од -7,9%, Хрватска од -7,8%, Албанија од -6,3%, Бугарија од -4,2%, додека ако се земат предвид и европските земји падот на БДП во првото полугодие во Европската унијае – 6,4%, Германија -6,5% , Хрватска -7,8%, Словенија -7,9%, Белгија -8,5%, Аврстрија -8,9%, Италија и Франција -12,1%, Велика Британија -12,3% согласно Евростат.

Во однос на буџетскиот дефицит, тој е проширен кај најголем број од светските економии со цел да се финансираат здравствените и економските мерки за надминување на Ковид-кризата. Така на пример, Норвешка – земја која традиционално има висок буџетски суфицит од над 7,6% од БДП во просек во последните 10 години, годинава проектира буџетски дефицит. И земјите во регионот проектираат високи буџетски дефицит: Црна Гора -10,4% од БДП, Албанија -8,4%, Србија -8,1%, Хрватска -8,1%, Косово -7%.

Бесими посочува дека опфатот ковид-кризата во однос на светската финансиска криза од 2009 година и на должничката криза од 2012 година е значително повисок во однос на опфатените економии, како и од висината на импактот на кризата.

Би можело да ве интересира

МФ: Усвоен Буџетот за 2024 во Собранието, носи инвестиции, развој и одржливост

Пренџов: 20 години ДУИ ги поддржува сите буџети на државата, пари за автопати, мостови и граѓаните нема, ама за бизнисите на челниците на ДУИ има

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2024 година

Горан Наумовски

Втор ден општа расправа по Дополнетиот предлог буџет за 2024 година

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Расправа за Дополнетиот предлог буџет за 2024, економскиот раст проектиран на 3,4 проценти, инфалацијата на 3,6