Бесими: Донесен првиот среднорочен буџет, удвојување на растот и значително намалување на дефицитот на среден рок

Од:

Економијата се проектира да расте со стапки 4 – 5% од БДП во следните 5 години или двојно повисоки во однос на изминатиот период, додека буџетскиот дефицит или јазот помеѓу приходите и расходите ќе се намалува до 2% од БДП во 2025 година, односно ќе биде под Мастришкиот критериум. Ова е наведено во првиот среднорочен буџет кој вчера беше усвоен во Собранието. Како што истакна министерот за финансии Фатмир Бесими при носење на буџетот, фокус во 2021 година ќе биде здравјето на граѓаните, економијата и структурните реформи.

-Буџетот има три главни приоритети – здравство, економија и зачувување на стабилноста на работните места, владеење на правото и интеграции. Буџетот е прецизен, егзактен, содржи развојна компонента. Капиталните инвестиции се 26,2% повисоки од актуелниот буџет, 3,4% од БДП или просек кој во подобрите години го имаше нашата земја. За здравството имаме 100 милиони евра повеќе во однос на 2019 година или 40 милиони евра во однос на тековната година. Во образованието имаме зголемување на капиталните инвестиции четирикратно. – посочува министерот за финансии Бесими.

Како што соопштува Министерството за финансии, буџетот за догодина е буџет за заздравување од кризата предизвикана од Ковид-19, но и поставување на основи за забрзан економски раст во следниот период, посочи вчера министерот за финансии. Буџетот се базира на три платформи: A.Фискална консолидација, која до 2025 година треба да го сведе буџетскиот дефицит на 2%, или под Мастришкиот критериум, Б.Стратегија за заздравување и забрзан економски раст, која треба да го удвои растот во следниот период со стапки од 4-5% и C.План за јавни инвестиции 2021-2025, во насока на зголемување на учеството на инвестициите во вкупните расходи и подобрување на нивната реализација. Во буџетот има издвоено средства за поддршка и на граѓаните и на стопанството, така за: здравство има издвоено 664 милиони евра, социјална заштита 1,47 милијарди евра, образование 465 милиони евра, а за развој на економијата 1,141 милијарди евра.

Вкупните приходи на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година се планирани на ниво од 212,6 милијарди денари и истите се за 8,3% повисоки во однос на вториот Ребаланс 2020 година, додека расходите се планирани на ниво од 247,5 милијарди денари или за 2,1% пониско во однос на вториот Ребаланс 2020 година. Со тоа буџетскиот дефицит е проектиран на 4,9%, или скоро двојно пониско во однос на оваа година. Преку политиките за фискална консолидација се очекува секоја година буџетскиот дефицит постепено да се стеснува, така што во 2022 тој е проектитран на -3,8%, во 2023 -3,2%, во 2024 -2,9% и во 2025 година -2% и ќе биде под Мастришкиот критериум од -3% од БДП, се вели во сооштението на МФ.

Стратегијата за заздравување и забрзан раст која се темели на четири столба: економско заздравување од Ковид-19, забрзан, одржлив и инклузивен раст, зголемување на конкурентноста и вмрежување во глобалните синџири на добавување и инвестирање во човечки капитал. Првиот столб, Економско заздравување од Ковид-19 ги опфаќа приоритетите – заштита на здравјето на граѓаните и социјална заштита на најзагрозените категории од општеството и поддршка на економијата, приватниот сектор и заштита на работните места. Вториот столб – Забрзан, инклузивен и одржлив економски раст се фокусира на добро управување (владеење на правото, сузбивање на корупцијата и подигнување на капацитетот на институциите), фискална одржливост, макроекономска и финансиска стабилност, локален и рамномерен регионален развој, одржлива и здрава животна средина, зелена економија и дигитализација на економијата и јавните услуги, во чии рамки се предвидени различни мерки и активности. Третиот столб – Зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор фокусот се однесува на зајакнување на трговските врски и интеграцијата во глобалните синџири на создавање на вредноста, подобрување на деловното окружување и сузбивање на сивата економија, подобрување на пристапот до финансии и адаптацијата на технологиите и модернизација на земјоделството. Во четвртиот столб – Развој на човечките ресурси и еднакви можности опфатени се развој на човечките ресурси (образование, наука и здравство), поголема активност на работоспособното население и социјална заштита и социјално осигурување, во чии рамки се предвидени различни мерки и активности.

Согласно ова, проекциите на среден рок се дека растот ќе се удвои во следниот петгодишен период и тоа 4,6% раст во 2022, 5,2% во 2023, 5,6% во 2024 и 5,9% во 2025 година. Во периодот од 2026 до 2030 година се предвидува стабилизирање на просечната стапка на економски раст на 5,75% годишно, се наведува во соопштението на Министерството за финансии.

Би можело да ве интересира

МФ: Усвоен Буџетот за 2024 во Собранието, носи инвестиции, развој и одржливост

Пренџов: 20 години ДУИ ги поддржува сите буџети на државата, пари за автопати, мостови и граѓаните нема, ама за бизнисите на челниците на ДУИ има

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2024 година

Горан Наумовски

Втор ден општа расправа по Дополнетиот предлог буџет за 2024 година

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Расправа за Дополнетиот предлог буџет за 2024, економскиот раст проектиран на 3,4 проценти, инфалацијата на 3,6