Бесими – Дајбл: Потврдена континуираната поддршка од САД во борбата против корупција и намалување на сивата економија

Од:

Република Северна Македонија добива континуирана поддршка од САД преку УСАИД во спроведување на реформите на нејзините евроатлански интеграции. Таквата поддршка беше потврдена денеска на средба на министерот за финансии Фатмир Бесими со в.д. шефот на мисијата во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, Ерик Мејер и новата претставничка на Канцеларијата на УСАИД во РС Македонија, Џери Дајбл, на која беа разменети и договорите за нов Амандман од Договорот за грант за партнерство за развој.

Потпишувањето на овој амандман е дел од четиригодишната програма за партнерство што е во вкупна вредност од 56,5 милиони долари. Со потпишувањето на овој најнов, четврт амандман средствата кои стануваат ефективни од целата програмата достигнаа 23,4 милиони долари. Средствата се насочени кон зголемување на економскиот раст преку подобрување на конкурентноста, намалување на бариерите за проширување на евроатлантските пазари и унапредување на енергетската безбедност, зголемување на ангажманот на младите за поттикнување економски можности и нивно поттикнување да преземат активна улога во развојот на земјата, како и намалување на корупцијата и поттикнување култура за одговорност, соопштува Министерството за финансии.

Министерот Бесими изрази благодарност до Владата на САД која постојано и дава значајна поддршка на нашата Влада во спроведувањето на активностите насочени кон економски раст и стабилност, како и зајакнување на демократските капацитети на институциите. Исто така, додаде дека еден од приоритетите на Министерството за финансии е обезбедување поголема транспареност, за што веќе се преземени одредени мерки, но дека тој процес треба да се унапредува и се очекува поддршка во тие напори.

На средбата беа поздравени најавените напори од американска страна за борба против корупцијата и намалување на сивата економија, за што министерот Бесими изрази особен интерес за обезбедување техничка поддршка од УСАИД.

САД претставени од УСАИД досега во земајва имаат инвестирано 840 милиони американски долари за развој на Република Северна Македонија и остануваат посветени на поддршката на земјата во реализација на нејзината визија за понтамошна евроатланска интеграција.

На средбата министерот Бесими ги претстави и макроекономските движења, реформите што се преземаат и планираните инвестиции за забрзан економски раст, како и предизвиците со кои се соочува земјата од енергетската криза и мерките што ги презема Влада за справување со нив. Исто така, беше истакната и поддршката во делот на зајакнување на фискалната децентрализација и зајакнување на капацитетите на локалните самоуправи, се додава во соопштението на МФ.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска