Бесими: „Бас Рапид Транзит“ е „зелена економија“ – вакви проекти се потребни за побрзо економско заздравување

Од:

Во време во кое се сочуваме со најголемата економска криза во изминатото столетие, од особена важност за заздравување на економијата е да се креира синергија – односно да се инвестира во „зелени проекти“, кои истовремено ќе имаат позитивен ефект и на економскиот развој и врз животната средина.

Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими, кој денеска заедно со претставникот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) Анди Аранитаси и градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов го потпишаа договорот за финансирање на проектот „Брз автобуски превоз“ (Bus Rapid Transport) во вредност од 70 милиони евра. На настанот присуствуваше и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

– Кога иницијативите за создавање „зелена“, поинклузивна и одржлива економија ќе се совпаднат со напорите за економско заздравување од ковид кризата, придобивките за македонската економија се повеќекратни. Во оваа и во следните години ќе инвестираме во проекти, коишто ќе придонесат за заштита на животната средина, ќе го олеснат транспортот, ќе придонесат за заштеда на време и енергетски ресурси, ќе овозможат раст на инвестициите и работните места и ќе донесат подобрување на квалитетот на живот на нашите граѓани. Како министер за финансии ја поддржувам меѓународната соработка, која ќе ја помогне т.н. „зелена транзиција“, а овој проект е дел од тој поширок план. Сегашните и идните генерации треба и мора да имаат можност да дишат почист воздух и да патуваат побрзо и побезбедно – рече Бесими.

Проектот опфаќа воспоставување на две линии за автобуски превоз со коридори кои се резервирани само за автобусите и тоа од Ѓорче Петров во Ново Лисиче, и од Бутел до Кисела Вода. Трасата од Ѓорче до Ново Лисиче ќе биде во должина од 12,80 километри во една насока, ќе има 21 станица, два терминала во иднустриската зона во Ѓорче Петров и во населбата Ново Лисиче, каде што ќе биде изграден новиот терминал..

Според првичните проценки, вкупниот број на патници кои ќе ја користат оваа траса е околу 65 илјади луѓе дневно.Со имплементација на првата фаза се очекува времетраењето на патувањето од сегашните 70 минути да се намали за повеќе од 50 проценти.

Заемот од ЕБОР од 70 милиони евра ќе биде во две транши. Првата транша во износ од 47,6 милиони евра за финансирање на линија 1, односно исток-запад, и втората транша во износ од 22, 4 милиони евра за финансирање на линија 2 односно од југ до север.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

Град Скопје: Вработените во ЈСП Скопје без плата, а граѓаните на Скопје без превоз

Левица: Итна седница на Советот на Град Скопје, Трудот на работниците во „Флораком“ и „Луна“ мора да биде исплатен

А1он