Берзанската цена на гасот е стабилна на околу 1.200 долари за илјада кубни метри

Од:

Цената на гасот на денешното отворање на тргувањето на лондонската берза ИЦЕ се одржува на околу 1.200 долари за илјада кубни метри, а на тоа ниво беше и на вчерашното затворање.

Берзанската цена на гасот во Европа на 21 декември за првпат во историјата надмина 2.000 долари за 1.000 кубни метри, во бранот на претстојното студено време и генерално ниските резерви на гас во европските подземни складишта. Сепак, во следните денови цената се коригира, а аналитичарите тоа го објаснуваат со веста дека за една третина се зголемил бројот на танкери кои превезуваат течен природен гас ЛНГ од САД во Европа.

Некои ја споменуваат и зголемената работа на европските ветерни електрани.

Цената на јануарските фјучерси на ТТФ во Холандија е 1.203 долари за 1.000 кубни метри, или 103 евра за мегават-час, врз основа на тековниот курс евро/долар.

Пазарните експерти велат дека цената на фјучерсите е нестабилна поради шпекулативни фактори и не ја одразува реалната цена на физичките резерви во Европа.

Би можело да ве интересира

Путин: Украина се уште добива пари од Русија за транзит на руски гас во Европа

Владата преговара со Американци кои треба да инсталираат гасни постројки во РЕК Битола

Орце Костов

Русите ќе градат голем објект на истокот на БиХ, во Република Српска

Унгарија потпиша нов енергетски договор со Русија

Молдавија повеќе не добива руски гас

ЕСМ за март ќе набави гас од Макпетрол по цена од 60,10 евра