Бензините поевтинуваат за половина денар, дизелот со иста цена

Од:

Малопродажните цени на бензините се намалува за 0,50 денар/литар, а дизелот останува со иста цена, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги

Намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек е за 0,76 %. Од ноќеска на полноќ ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 67 денари/литар, ЕУРОСУПЕР БС -98 за 69 денари/литар. Дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) останува на 58 денари/литар.

За половина денар се намалува и цената на маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) и ќе се продава по 57,50 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,513 ден/кг и сега ќе изнесува 34,266 ден/кг.

-Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: кај бензинот за 1,044%, кај дизелот за 0,121%, кај екстра лесното масло за 0,031 % и кај мазутот намалувањето е за 1,2 %. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,678%, посочуваат од Регулаторната комисија за енергетика.

Би можело да ве интересира

Поевтинува дизелот, цените на бензините не се менуваат

Нови цени на горивата

Поскапуваат горивата од полноќ

Орце Костов

Поевтинуваат горивата

Поскапува мазутот

Еуродизелот и Екстра лесното масло поскапуваат за денар