Бензинот и дизелот поскапуваат за девет денари

Од:

Со оглед дека вечерва на полноќ истекува времетраењето на намалената акциза и данокот на додадена вредност за соодветните нафтени деривати (Одлуката за определување на видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата и Одлуката за определување на видот на добрата и временскиот период на примена на повластена даночна стапка) Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која изврши усогласување со законските прописи кои ќе бидат на сила од полноќ со што малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 7,96%.

dobivaj vesti na viber

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 9,00 ден/лит, додека на безоловниот бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 9,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 9,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 8,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС останува иста.

Од 1.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 104,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 106,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 93,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 54,640 (денари/килограм)

„Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, како и курсот на денарот во однос на доларот, во денешната пресметка (31.05.2022) се исти со претходната пресметка од 30.05.2022, односно во денешната пресметка извршена е промена само на акцизите и данокот на додадена вредност, дефинирани со прописите за акцизи и данокот на додадена вредност.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 1.6.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од Регулаторната комисија.

Би можело да ве интересира

Од полноќ горивата поевтинуваат од 2 до 3,5 денари

Катерина Павлова-Николовска

Бензинот Еуросупер 98 поевтинува за два денара, другите цени на горивата не се менуваат

Дизелот поевтинува за два денара, цените на бензините не се менуваат

Катерина Павлова-Николовска

Пониски цени на горивата од полноќ

РКЕ: Потрошувачите кои се приклучени на БЕГ да продолжат редовно да си ги подмируваат месечните фактури за испорачаната топлинска енергија.

Катерина Павлова-Николовска

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот не се менува