Бензините од полноќ поскапи за 5 денари

Од:

Малопродажната цена на бензините вечерва на полноќ поскапува за пет денари. Цената на дизелот и екстралесното гориво ќе се зголеми за четири денари, а на мазутот за три денари.

Ваква одлука денеска донесе Регулаторната комисија за енергетика на редовната двонеделна седница, посветена на корекција на цените на нафтените деривати.

Согласно одлуката литар Еуросупер БС-95 ќе се продава по 80,50 денари, а цената на Еуросупер БС-98 изнесува 82 денари.

Новата цена на Еуродизелот ќе изнесува 68,50 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 57 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС ќе изнесува 42,460 денари.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот период од 14 дена бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 8,49 отсто, кај дизелот зголемување во просек за околу 5,78 отсто и кај мазутот зголемување во просек за околу 5,32 отсто, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување, се вели во образложението.

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Доларот на највисоко ниво во последните пет месеци, раст на цената на нафтата

Катерина Ѓуровски

Поевтинува дизелот, цените на бензините не се менуваат

Цените на нафтата на највисоко ниво во последните пет месеци

Нови цени на горивата

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски

Поскапуваат горивата од полноќ

Орце Костов