Бела куќа: Иванка Трамп не е кандидат за претседател на Светска банка

Од:

Ќерката на американскиот преетседател Доналд Трамп, Иванка Трамп не е кандидат за претседател на Светската банка, соопшти Белата куќа.

„Фајненшл тајмс“ претходно објави дека името на Иванка Трамп се појавува како едно од можните кандидати за таа функција.

Заменик директорот за комуникации на Белата куќа, Џесика Дито рече дека тие наводи не се точни.

Таа посочи дека министерот за финансии на САД, Стивен Мнучин и в.д. шефот на Кабинет на Белата куќа, Мик Малвени побарале од Иванка Трамп да „помогне во процесот за номинација на американскиот кандидат со оглед на фактот дека последните две години блиско соработува со раководството на Светската банка“.

Инаку, Иванка Трамп е советник на својот татко, претседателот на САД.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат