Бектеши: Со заеднички напори на креаторите на политики, бизнис секторот и локалната самоуправа до побрз развој на винскиот туризам

Од:

Конференција на тема „Предизвиците и можностите за развој на винскиот туризам во Република Македонија“, во организација на Министерството за економија во соработка со здружението „Добредојде Македонија“ и Здружението на вински консултанти и едукатори „КАЛЕМЕЊЕ“, а во рамки на Скопскиот Вински Салон 2018на се одржа денеска во скопски „Мериот“.

Еминентни експерти понудија одговори на темата поврзана со развојот на винскиот туризам во Република Македонија, ставајќи акцент на можностите за побрз развој на овој туристички производ за кој земјата има огромен потенцијал.
Министерот за економија Крешник Бектеши ја отвори конференцијата, осврнувајќи се на важноста од поврзување на винската индустрија, како гранка и туристичкиот сектор, што претставува и светски тренд.

„Главна задача која што треба винариите да ја реализираат е да ги отворат вратите за посетителите, да се подготват со едуциран кадар кој што ќе знае што се бара на туристичкиот пазар и како тоа да се презентира во најдобар начин. Работата на агенциите, пак, е да донесат што е можно поголем број на туристи и да организираат вински екскурзии и тури, каде што освен посета на винариите и дегустација на вината, во своите пакети ќе вклучуваат и посета на туристички дестинации и културни обележја низ државата. И, се разбира, многу значајно локалните самоуправи и регионалните центри да работат на подобрување на локалната бизнис клима со цел поголеми инвестиции во туризмот и негов одржлив развој, кој ќе придонесе и за рамномерен регионален развој, но и економски раст на државата“, истакна Бектеши, додавајќи дека со заеднички напори на креаторите на политики, бизнис секторот и локалната самоуправа треба да одговорат на предизвиците кои се однесуваат на подобрување на локалната туристичка инфраструктура, но и на пристап до квалификувана работна сила и подобрување на квалитетот на услугите во туристичкиот сектор.

Амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија, Сибил Зутер Техада, го претстави швајцарското искуство на искуство на Швајцарија како винска земја, за кое е клучна разновидната и богатата понуда за туристите, особено на автохтоните сорти со што Македонија може да биде конкурентна на светскиот пазар: „Важно е да се поврзат и сите засегнати страни во овој домен за поголем успех, а потенцијалот за тоа е голем“.

Градоначалникот на општина Демир Капија, Лазар Петров истакна дека македонските винарии произведуваат некаде околу 24.000 тони грозје, што е некаде околу 220 милиони литри ставајќи ја земјата на 25-то место во светот, од кои најголемите површини под лозови насади се во рамки на оваа општина. Нагласи дека потенцијалот за развој на винскиот туризам е голем, а за тоа е важно кластерското поврзување меѓу сите надлежни субјекти. Покрај двете големи винарии кои ги има во Демир Капија и развојот на Тиквешкиот вински пат, сѐ повеќе се отвораат и мали семејни винарии, кои имаат потреба од поддршка за нивна промоција.

За опстанок и пред се развој на винскиот туризам, нагласи важно е инвестирање во инфраструктурата помеѓу помалите и напуштени села во кои се наоѓаат најголем дел од лозовите насади.
Претставникот од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во РМ, Зоран Николовски, се осврна на активностите во делот на промоцијата на земјата и одредените региони, што резултираа со сè поголема видливост на земјава на светската туристичка мапа.

Во панел дискусиите кои ги водеше раководителот на Секторот за туризам и угостителство при Министерството за економија, Беким Хаџиу, земаа учество проф.д-р Дејан Методијев од Факултетот за туризам во Штип, Сашко Атанасовски, проектен менаџер на Скопски вински салон 2018, Александар Ристовски, од Винаријата „Тиквеш“, Елена Милошевска Јовановска, координатор на „Вина од Македонија“, а меѓу донесените заклучоци се: изготвување на посебна Стратегија за развој на винскиот туризам во РМ, кампања со цел засилена промоција на винскиот туризам, подобрена туристичка сигнализација, систематска едукација на кадар и подготовка на вински водич.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Ковачевски: Со мерките на СДСМ расте производството и извозот на македонско вино

Ковачевски за обвинувањата од Трипуновски: Тој доаѓа од партија што смета дека вино се прави од стиропор

Орце Костов

Николовски: Малите семејни винарии се успешна приказна, регистрирани 173 вакви винарии

Горан Наумовски

МЗШВ: Владата ги усвои програмите за поддршка на малите производители на храна и малите производители на вино за 2024 година

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов