Бектеши со порака до занаетчиите да ги користат мерките за поддршка за да бидат што поконкурентни на пазарот

Од:

Занаетчиска комора Скопје денеска ги додели мајсторските дипломи во рамки на проектот насловен „Подобрување на капацитетите за зголемување на вработување во занаетчискиот сектор и бизнисите во Република Северна Македонија“.

Во име на организаторот, присутните ќе ги поздрави претседателот на Занетчиската комора Скопје, Никола Петров, кој рече дека конкурентноста на занаетчиството и малите и средните претпријатија е во тесна врска со способностите, а со тоа и со квалификациите на лицата што дејствуваат во претпријатијата.

-Образованието, па и стручното, кои го определуваат квалитетот на факторот труд се државна надлежност и треба да добијат соодветна поддршка. Имаме недостаток на одредени занимања, кадар недостасува во сите струки, имаме и сива економија и оптоварување на занаетчиите со финансиски давачки, рече Петров, апелирајќи сите заеднички да работат на развој на занаетчиството, бидејќи тоа нуди перспектива, можност за сопствен бизнис, иднина за младите генерации.

Министерот за економија Крешник Бектеши честитајќи им на добитниците на дипломи за мајстор фризер во рамки на постсредното образование и дипломи за филигран укажа на важноста од континуиран развој на занаетчиството и малите и средни претпријатија како движечка сила на секоја пазарна економија која генерира вработеност и економски раст, што ќе остане еден од главните приоритети на Владата на Република Северна Македонија.

-Поради ова континуирано се наметнува потребата од креирање на владини политики ориентирани кон поддршка и зајакнувањето на овие сектори. Во тој контекст е и усвојувањето на Стратегијата за занаетчиство 2012-2020, како и донесувањето на Законот за занаетчиство, но и мерки за поддршка и развој на занаетчиството дефинирани во Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2019 година. Едната од нив е за субвенционирање на трошоци на занаетчии за набавка на опрема и алати, или уредување на деловниот простор во вкупен износ од 4.000.000 денари, а другата за кофинансирање на проекти на занаетчиските комори за развој и промоција на занаетчиството во Република Македонија во износ од 1.500.000 денари. И во оваа прилика ги охрабрувам сите занаетчии да ги искористат нашите мерки за субвенционирање за да бидат што поконкурентни на пазарот, рече Бектеши.

Тој најави неколку приоритети за наредниот период, и тоа целосно имплементирање на Законот за занаетчиство, унапредување на Електронскиот занаетчиски регистар, развивање на коморското работење и развивање на функционална област за образование и квалификација.

Покрај министерот Бектеши, на настанот учествуваше и министерот за образование и наука, Арбер Адеми, според кого Занаетчиската комора на Скопје е значаен општествен фактор кој дава голем придонес во унапредување на квалитетот на националниот образовен систем, создавање на стручни кадри и зголемување на вработеноста.

-Мајсторството како посебен тип на постсредно образование се стекнува со полагање на мајсторски испит преку кој се проверува колку кандидатите се оспосебени за самостојна, независна, квалитетна и стручна работра. Постсредното образование и овој мајсторски испит се дел од Законот за стручно образование и обука, како правно решение кое се надградува согласно трендовите во образованието и потребите на пазарот на труд, подвлече Адеми.

Директорката на УСАИД на РСМ, Гречен Биркл го изрази своето задоволство од партнерството на УСАИД со деловните здруженија и комори во развојот на нови програми за обука на професионалци и нови учесници во нивните индустрии.

-Денешниот настан е резултат на овие напори. Занаетчиската комора разви програма за обука и сертификација за фризери-мајстори. Од септември 2018 година, оваа и други обуки од нашите партнерски бизнис организации им помогнаа на над 1.000 поединци да се здобијат со вештини во широк спектар на полиња. Овие програми помагаат да се зголеми понудата на квалификувани работници кои ќе им помогнат на микро, малите и средните претпријатија да растат и да се развиваат, истакна Биркл.

Во рамки на настанот фризерите – мајстори се претставија со фризерско шоу со практична работа на модели, а благодарница за развој на занаетчиството од страна на комората доби и Министерството за економија.

Би можело да ве интересира

Новогодишен базар во ГТЦ

Занаетчиите бараат да плаќаат струја како домаќинствата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Отворена изложбата „Жени во занаетчиство“ во Кабинетот на претседателот

Ана Ололовска

Занаетчиска комора Скопје: Недела – неработен ден неповолно за одредени занаетчиски дејности

Ана Ололовска

Занаетчиите бараат субвенции за најавеното зголемување на минималната плата и посебен надомест за струја

Арсовска: Занаетчиските бизниси имаат економска вредност за градот и затоа треба да се поддржуваат

А1он