Бектеши: Со измените на Законот за финансиска поддршка на инвестициите подобри услови за инвестирање за над 200 компании

Од:

По предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница ги усвои измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил.

Како што соопштија од Министерството за економија, со овие законски измени се олеснуваат критериумите за аплицирање и за исплата на финансиска поддршка за производствените компании.

– Со измените на овој Закон ќе се олеснат условите за 245 компании кои имаат активни договори, а особено за потенцијално новите компании, кои инвестирале во 2020 година или ќе инвестираат во 2021 година, стои во соопштението.

Согласно законските измени, се појаснува, се олеснуваат условите за доделување финансиска поддршка на компании кои инвестирале во услови на Ковид, се зголемува опфатот на компании кои ќе може да аплицираат за финансиска поддршка, се подобруваат условите за инвестиции од дијаспората, а има и дополнителна финансиска поддршка за компании кои се од помалку развиени региони во државата.

Целта на измените и дополнувањата на овој закон е забрзано поттикнување на економскиот раст и развој во Република Северна Македонија преку поддршка на инвестициите за зголемување на конкурентноста на економијата на Република Северна Македонија и на вработувањата.

Законот за финансиска поддршка на инвестициите почна да се применува во 2018 година како дел од Планот за економски раст на Владата.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов