Бектеши се сретна со претставници од енегертската групација на Светската банка

Од:

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска беше домаќин на групацијата одговорна за енергетика при Светската банка, со кои разговараше за поддршката што Македонија ја добива од оваа групација во нејзините напори за одржлив развој и енергетски потенцијал, пополнување на недостатокот на електрична енергија и зголемување на домашната побарувачка, како и можностите за зголемување на извозот на електрична енергија, на пазарите на Западен Балкан и пошироко.

На средбата се разговараше за конкретни енергетски проекти во земјата и рехабилитација на постојните енергетски капацитети.

Друга област од потенцијален интерес за претставниците на Светската банка на средбата со министерот Бектеши беше развојот на пазарите на соларната енергија, изразувајќи подготвеност да и се помогне на владата да ги мобилизира инвестициите на приватниот сектор на соларниот пазар, со конкурентни стапки, како што тоа го спровеле во други земји.

Министерот Бетеши, информираше за најновите случувања во политичката и економската сцена во Македонија и можностите за инвестирање во различни сфери, изразувајќи длабока благодарност за нивната подготвеност да и помогнат на Македонија преку енергетскиот сектор при Министерството за економија.

Двете страни изразија задоволство од можноста за продлабочување на понатамошната соработката, со конкретни проекти помеѓу оваа групација на Светската банка и Владата на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов