Бектеши: Се реализираат сите мерки од шестиот пакет, угостителите може да аплицираат согласно критериумите

Од:

Веќе се реализираат сите мерки од шестиот пакет, угостителите може да аплицираат согласно критериумите кои заедно сме ги направиле со одредени комори, рече министерот за економија Крешник Бектеши одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Бектеши информира дека веќе има ново законско решение во делот на заштита на потрошувачите кое очекува во наредниот месец да го достават до Владата и до Собранието.

– Веќе ги правиме измените во Законот на заштита на потрошувачите и во делот на безбедност на производите. Има предвидено таму точни стандарди кои треба да бидат исполнети, но истовремено и во одредени дуќани каде што можат одредени производи да бидат продадени согласно тие стандарди кои ќе бидат усвоени за кратко време, информира Бектеши.

Во делот на стратегијата за развој на туризмот, министерот информира дека е формирана работна група во склоп на Владата и на Министерството за економија каде што сите стопански комори, угостителски и туристички комори кои работат во склоп на големите стопански комори се вклучени и даваат нивни предлози.

-Јас не мислам дека проблем е стратегијата. Имавме време на пандемија. Еден од најподржуваните сектори беше туризмот и угостителството и секако дека оваа година ќе продолжат тие мерки да бидат реализирани и очекувам да се вратиме на бројките на 2019 година каде што имавме рекорд и во делот на странските туристи, а истовремено и преку мерките кои веќе ги реализира Економија имавме зголемување и во делот на домашните туристи. Значи, иако во постоечката стратегија, сегаа веќе се подготвува нова беше предвидено во 2023 година да постигнеме еден милион туристи во нашата држава и над три милиони ноќевања, тоа го постигнавме во 2019 година и затоа ќе ја ревидираме и стратегијата имајќи предвид дека се зголемуваат и можностите за развој на туризмот во нашата држава, рече Бектеши.

Би можело да ве интересира

Бектеши: Над 3.500 граѓани со ниски приходи ќе добијат 12.000 денари за летување во домашните туристички капацитети

Ана Ололовска

Бектеши: Се заоструваат условите за работа на концесионерите

Ана Ололовска

На Економскиот форум утре ќе бидат потпишани договори за имплементација на мобилноста на луѓе, стоки и услуги

Ана Ололовска

Бектеши: Со измените на Законот за финансиска поддршка на инвестициите подобри услови за инвестирање за над 200 компании

Ана Ололовска

Добрите економски резултати ќе дојдат од средината на 2022 година натаму, прогнозира Бесими

Жарко Настоски

ВИДЕО: Доделени договорите на 34 општини за реализација на 36 инфраструктурни проекти

Ана Ололовска