Бектеши: Рубљата не е во курсната листа на РС Македонија, чекаме насока од Европската централна банка

Од:

Министерот за економија, Крешник Бектеши, утрово разговарал со гувернерката на Народната банка за плаќањата на рускиот гас, кои од денес Русија бара да бидат во рубли. Кај нас министерот Бектеши вели дека не може да се направат такви трансакции.

„Имав можност утрово да разговарам со гувернерката. Немаме уште насока од Европската централна банка имајќи предвид дека во курсната листа на Северна Македонија и на Народната банка не е рубљата како валута, што значи не може да се направат такви трансакции“, рече министерот Бектеши на денешниот отчет за преземените мерки за ублажување на енергетската криза.

До 15 април, кога завршува грејната сезона, снабдувањето со природен гас министерот Бектеши рече дека е осигурано, па ваквата одлука за плаќањето не би направила проблем.

Министерот Бектеши вели дека одлуките што следуват ќе зависат од заедничките одлуки на НАТО и Европската Унија.

„Ние сме членка на НАТО. Секоја одлука што ќе ја носат членките на НАТО заеднички ние ќе ја почитуваме. Секако дека се приспособуваме и на санкциите на Европска Унија имајќи предвид дека сакаме целосно да се интегрираме во Европската Унија. На таков начин, со одредени механизми и нивни и наши сопствени како држава, мислам дека нема да има толку големо влијание имајќи предвид дека ќе најдеме алтернативи, за што сум убеден. Тоа веќе се работи. Таков е новиот интерконектор со Република Грција, нашето директно учество во терминалот во Александропулос, секако и нов интерконектор со Република Бугарија, а Република Бугарија е членка на Европската Унија. Нашиот гасовод е со нив и во случај ако се донесе таква одлука, сите други алтернативи ресурси на природен гас со кои ќе се снабдува република Бугарија ќе можеме и ние да ги користиме поради тоа што резервацијата на ‘Газпром’ за нашиот гасовод не би требало да важи како што донесе Европската Унија да не важи за Грција меѓу Република Бугарија. Тоа е наше барање директно кон Европската Унија и секако дека таква одлука треба да се донесе“, рече министерот Бектеши.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера потпиша указ според кој странските купувачи на руски гас од денес мора да плаќаат во рубли. Путин предупреди дека договорите ќе бидат раскинати доколку другите земји не го платат рускиот гас во рубли. Одлуката ја донел за зајакнување на рускиот суверенитет.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов